15.5 C
Ohrid
понеделник, октомври 14, 2024
ПочетнаМакедонијаПотресно сведоштво: „Земи ги ќерко моите нозе и стани! Ти биди им...

Потресно сведоштво: „Земи ги ќерко моите нозе и стани! Ти биди им мајка на твоите деца, не јас!“ – и кажувала Дијана на својата единствена ќерка, пред да почине.

Поминаа две години откако убавата Викторија не е со своите најмили. И лага е дека времето ја лекува болката и празнината од нејзиното отсуство. На Дијана и е тешко, таа изгуби ќерка, но, Лео и Ада го изгубија најмилото, мајката. Сега тие се под постојан стрес и токму кога треба да учат за животот и неговите правила, тие ја немаат жената што тоа треба да им го објасни.

„Земи ги ќерко моите нозе и стани! Ти биди им мајка на твоите деца, не јас!“ – и кажувала Дијана на својата единствена ќерка, пред да почине.
Дијана Накова е четириесет и тригодишна жена, која на петнаесет години влегува во брачните води и раѓа дете. Преубавата Викторија, за која ќе се труди ништо да не и фали.

Историјата се повторува, па и Викторија на петнаесет години, исто како нејзината мајка, се мажи со човек кој ќе и ја одреди понатаму лошата судбина. На шеснаесет години го раѓа првото дете-Леотрим. Но, за жал ќе има полош живот и од мајка и, па, дури и во бременостите ќе биде тепана и малтретирана. За конечно, кога ќе биде бремена со второто дете во седмиот месец од бременоста, после сите трауми и насилства да побара развод и сама да го роди детето. Малата Ада. Прекрасна како ангел. Која ќе види сè во животот, освен како изгледа љубов дадена од мајка.

Два месеци откако ќе се роди Аделина, Викторија дознава дека има канцер на дојката. Несериозно ја прима веста од докторите и се надева дека чудо ќе ја спаси. Не ни помислува дека една година подоцна ќе биде врзана за постела и немоќна да се грижи ниту за себе, ниту за децата.

Најголемиот товар паѓа врз мајката на Викторија, бабата на Лео и Ада, бабата Дијана, која наместо да им биде баба, ќе биде принудена да им биде и мајка и татко во животот. Паралелно, напатената Дијана оди по болници со Викторија и преживува хорор. Извесно време спиела и на подот од болниците.

Земи ги ќерко моите нозе и стани! Ти биди им мајка на твоите деца, не јас!“ – и кажувала Дијана на својата единствена ќерка, пред да почине.

– Не можам мајко, не ме бидува! Јас ќе им бидам во сенка на моите деца! Но, ти биди им мајка и секогаш зборувај им убаво за мене!“ – низ солзи се присетува Дијана на последните зборови на ќерката Викторија.

Вистински пекол доживува во последните мигови од животот, младата Викторија. Со последни сили го напишала и прошталното писмо, во кое замолува сите да и простат, притоа оставајќи аманет мајка и да биде старател на нејзините деца. Сите болки, сите проблеми, сите маки и сите спомени згаснуваат на 30. Јануари 2020 година, кога престанува да чука срцето на оваа несреќна мајка.

Две тешки како планина години се зад ова семејство. Најмногу ги боли фактот што никој од блиските, ниту поранешниот сопруг на Викторија, ниту нејзиниот татко, не доаѓаат да го посетат нејзиниот вечен дом.

Одиме на гробишта, на сите гробови народ, само кај Викторија никој. Па зарем не заслужила почит од татко и. Зарем јас да си играм со децата мајка, наместо таа! Камо среќа мене Господ да ме земеше место неа. Мајка им треба на децата. Мајка – низ солзи раскажува бабата на Викторија.

Поминаа две години откако убавата Викторија не е со своите најмили. И лага е дека времето ја лекува болката и празнината од нејзиното отсуство. На Дијана и е тешко, таа изгуби ќерка, но, Лео и Ада го изгубија најмилото, мајката. Сега тие се под постојан стрес и токму кога треба да учат за животот и неговите правила, тие ја немаат жената што тоа треба да им го објасни.

Лео и на шест години од тој стрес сè уште носи пелени, а е прво одделение. Постојано е со прашања до баба му. Еден ден, не прифаќајќи го фактот зошто другите деца имаат мајка, а тој и сестра му не, толку се налутил што проколнувајќи ја Викторија, плачел во собата кршејќи ги нејзините слики.

Собата во која живее ова семејство од баба и две внучиња, е преполна со слики од Викторија. Младост и желба за живот зрачи од секоја рамка на полиците. Како би сакале Лео и Ада тоа да е вистина, па тие сè уште не познавајќи го овој суров свет, веруваат дека мајка им е во болница и дека ќе се појави во секој момент.

Кога ќе одат во чаршија тие сакаат да купат цвеќе и да и го однесат во вечниот дом. Дијана понекогаш и последните пари ги дава, само да им ја исполни таа желба на децата. Ада на три години ги научила буквите од името на мајка и, па и ѝ ги пишува кога оди на гробот. И рецитираат и песнички, и носат честитки за 8 март… За жал, Викторија ништо не може да ја врати. Тагата и празнината им ја исполнуваат душата.

Собата од 15 м2 каде починала Викторија пред две години, е единствениот простор каде Лео, Ада и баба Дијана спијат, учат, се бањаат, јадат и функционираат. Но, таа не е нивна соба, таа соба и припаѓа на сестрата на Дијана, тетка и на Викторија, која им отстапила мал агол од домот, само децата да не бидат на улица.

Дијана живее со социјална помош. Тешко го минува месецот. Само да има за децата, таа со денови не јаде. Има едвај триесет и осум килограми. Во моментите кога останува без пари, позајмува, се снаоѓа, но аманетот кон Викторија мора да го исполни.

Останува само најважното, да ги обезбеди децата со покрив над главата, зашто што тоа го заслужуваат овие сироти души. Толку многу сакаат да имаат свој дом, што дури на три години со жар во очите, Ада вели дека сака своја куќа. Точно е дека тоа нема да ја компензира празнината што тие ја чувствуваат за нивната мајка, но, барем ќе знаат каде им е домот и каде ќе ги чека од училиште баба Дијана.

Сите што сакате да и помогнете на Дијана Накова од Свети Николе, тоа можете да го направите на телефонскиот број 078 965169 или на жиро сметката 240317004751854 MKD

Автор

Оливера Петрушевска
приказна Мк

Сите што сакате да и помогнете на Дијана Накова од Свети Николе, тоа можете да го направите на телефонскиот број 078 965169 или на жиро сметката 240317004751854 MKD

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По 25 години во Сител, Ивона Талевска почнува со работа во Алфа Тв.

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител. „Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со...

Касами бара парите да бидат на албански јазик.

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка,...

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...