18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаВо селото Ложани- Струга семејството на Мишела произведува масло од лешник.

Во селото Ложани- Струга семејството на Мишела произведува масло од лешник.

spot_imgspot_img

Малкумина знаат дека од лешник може да се произведе масло, можеби зошто кога прво ќе помислите на лешник…тоа е плод кој делува суво и реално е да се помисли дека во него нема масло.

Но, Французите и Италијаните се луди за ова масло, еве извесно време и го употребуваат и во кулинарство и во козметиката. Маслото од лешник е масло со интензивна златна жолта боја и раскошен вкус. Најголеми производители на ова скапоцено масло најверојатно ќе бидат органски фарми на лешник од Турција и САД велат истражувањата.

Но, во селото Ложани, покрај Струга, семејството на Мишела Переска, започна да произведува масло од сопствените насади на лешник и од старт ги освојува избраните купувачи во Македонија и странство, кои претпочитаат врвно масло за гурмански специјалитетити, здрав избор на нерафинирано масло богато со Омега 3-6-9 која е добитна комбинација за здравје. А за козметичките примени на ова масло се пишуваат цели студии.

Мишела, кога и како вие започнавте со производство. Како добивте идеја за производство на масло од лешници?

Со производство започнавме пред 5 месеци. Сѐ започна сосема случајно кога се запознавме со здравствените придобивки на овој производ и искрено не толку сложената постапка за производство. Па си рековме зошто и ние да не започнеме да го произведуваме од нашите лешници. Звучеше доволно предизвикувачки за почеток!

Во светот САД, Франција, Италија и Турција се лидери во производство на масло од лешник. Од каде вие црпевте искуства? Кој ви беше ментор?

Класична обука, односно трансфер на знаење немавме. Ја порачавме машината за масло, ги следевме инструкциите и тоа беше тоа. Бевме во исчекување и со огромно нетрпение да видиме што ќе излезе и во што сме ги вложиле парите. Од првите капки масло бевме воодушевени. Од вкус до интензитет, арома и слатките ноти на лешникот и искрено не зажаливме. Си рековме продолжуваме тоа е тоа, ќе го правиме барем за почеток за наша душа и блискиот круг на пријатели. Но, информацијата за маслото брзо се рашири, се зголеми побарувачката и така паралелно го зголемуваме и производство. Во последниот период, добивме поддршка од Slow Food Македонија и преку нив добиваме и мрежа на контакти, но и настани на кои можеме да се презентираме.

Примената е широка, од исхрана до козметика. Но, што кажува науката?

Да, навистина примената е широка првенствено од здравствена гледна точка. Маслото од лешник е богато со витамини, минерали и омeга 3 и омега 9 масни киселини. Специфична состојка е Алфа токоферолот од витаминот Е, кој во козметиката може да се користи за превенција на брчки и егзема и слични состојби на кожата.

Репортажата на новинарката Љубица Ангелкова за Иновативност.мк на следниот линк Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...