16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаСветСЗО предупредува за Омикрон варијантата

СЗО предупредува за Омикрон варијантата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека Омикрон варијантата на корона вирусот веројатно ќе се шири на меѓунарондото ниво, а тоа ќе биде глобален ризик.

<

Во најновото соопштение на СЗО се нагласува дека сè уште не е јасно дали Омикрон е попренослив (на пример полесно се пренесува од човек на човек) во споредба со другите варијанти, вклучително и Делта. Иако бројот на луѓе кои се позитивни на е зголемен во делови на Јужна Африка погодени од оваа варијанта, во тек се епидемиолошки студии за да се разбере дали тоа е токму поради Омикрон или и поради други фактори.

„Омикрон има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата“, додаваат од СЗО.

„Вкупниот глобален ризик поврзан со омикрон, се оценува како висок“, додаде СЗО.

Првата препорака до земјите-членки на таа организација е да ги прилагодат „мерките за меѓународно патување“, наведувајќи дека наскоро ќе бидат издадени подетални упатства.

„Постои загриженост за можноста омикрон да го избегне стекнатиот имунитет“, додаваат од Светската здравствена организација, истакнувајќи дека тогаш би постоела уште поголема веројатност за негово понатамошно ширење на глобално ниво.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...