23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаСветПутин: Ако НАТО ги премине црвените линии, Русија ќе биде принудена да...

Путин: Ако НАТО ги премине црвените линии, Русија ќе биде принудена да реагира !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека Русија ќе биде принудена да реагира доколку НАТО ги премине “црвените линии” во Украина, наведувајќи дека Москва го смета за закана распоредувањето на одредени офанзивни ракетни капацитети на територијата на таа земја.

<

Путин рекол дека се надева дека на сите страни “ќе преовладее здравиот разум”, но изразил и желба НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија за сопствената безбедност поради Украина.

Доколку некој вид на ударен систем се појави на територијата на Украина, времето на лет од Москва е меѓу седум и десет минути, односно пет минути кога се работи за хиперсонично оружје. Замислете ја таа можност”, навел рускиот претседател во текот на деловен форум”, пренесува “B92”.

Путин нагласил дека Москва, во тој случај, ќе мора да формира нешто слично како одговор на тој вид на закана. Тој потсетил дека Русија неодамна извршила успешна проба за лансирање на нов хиперсоничен проектил од море, кој ќе биде во служба на војската на почетокот на наредната година.

Рускиот лидер укажал дека брзината на тој вид ракета е девет пати поголема од брзината на звукот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...