16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЛевица: Бараме да продолжи уривањето на дивоградбите во Охрид.

Левица: Бараме да продолжи уривањето на дивоградбите во Охрид.

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ЗАРОБЕНИК НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ПОЕДИНЦИ

Повеќегодишното несоодветно управување со охридскиот регион, непочитување и честите промени и неусогласеност во законската регулатива, како и речиси контиунираното неприменување на препораките на УНЕСКО уште од 2010 година до денес, придонесе да природното и културното наследство во охридскиот регион се доведе до состојба да може да биде ставено на листа на загрозени подрачја, па и бришење од листата на заштитени подрачја.

Во изминатиов период, властите на централно и на локално ниво не постапуваа согласно донесените закони, така што се направени несогледливи негативни последици на природното и културното наследство на охридскиот регион.

Што се однесува до изјавата на новиот градоначалникот Кирил Пецаков за уредување на плажите и нивно издавање под закуп:

1. Бараме да се продолжи со рушење на дивоградбите на охридското крајбрежје и во Езерото во согласност со Планот за управување со Охридското Езеро, со Законот за води, Законот за животна средина, Студијата за валоризација на Охридското Езеро како споменик на природа, Законот за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион и други позитивни законски акти;

2. Бараме Општина Охрид да формира ново јавно претпријатие кое ќе стопанисува со охридските плажи, ќе ги уреди во согласно со препораките на УНЕСКО и останатите законски прописи кои важат за регионов, бидејќи не смееме да дозволиме Охрид и Охридското Езеро да го изгубат статусот на заштитено културно и природно наследство поради лични интереси на поединци. На овој начин, сметаме дека бенифит од туристичката сезона ќе имаат сите граѓанини на Охрид и пошироко, а не само претставници од таканаречената бизнис-елита;

3. Бараме поништување на конкурсот за уредување на плажите, кој заврши пред извесен период, поради тоа што истиот не може да се однесува на сите плажи;

4. Бараме распишување на нов конкурс за уредување на охридските плажи и тоа за секоја плажа поединечно, при што за истите бараме активно вклучување на ЈНУ „Хидробиолошки завод”, со чија помош би се одредиле локациите врз кои стопанисувањето ќе има најмало негативно влијание на растителниот и животинскиот свет во езерото;

5. Бараме да соодносот на слободниот пристап за граѓаните биде 60-70% од површината на плажата во однос на комерцијалниот дел;

6. Бараме неколку плажи да бидат уредени на начин да може да бидат престижни плажи со сино знаменце;

7. Бараме сите досега инволвирани во бизнисот со охридските плажи кои со години работеле без концесија и не плаќале никакви давачки кон општината, со што го оштетиле општинскиот и државниот буџет со големи суми, да бидат санкционирани;

8. Бараме одговорност за претходните градоначалници и инспекциски служби кои работеле спротивно на закон и ја злоупотребиле службената положба, со што им дозволиле за некои субјекти да остварат лична корист со работење без надоместок, односно без добиена концесија.
Фејзбук статус: ЛЕВИЦА-ОХРИД

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...