6.8 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаОд 9.000 до 140.000 евра казна за трговците што нема да го...

Од 9.000 до 140.000 евра казна за трговците што нема да го почитуваат Законот за забрана за пластични кеси

spot_img

Оваа мерка не е за граѓаните да почувствуваат финансиски товар, туку да се поттикнат здрави навики. Финансиски товар ќе почувствуваат само оние што нема да сакаат да се приспособат на мерката. Според мене, компаниите имаа време да се адаптираат на промените. Мерката е донесена на 15 септември. Производителите произведуваат само биоразградливи кеси, па оттука само биоразградливи ќе им бидат достапни, вели Борче Кузмановски, програмски координатор за социјална инклузија и зелена економија во „Гоу грин“.
Пишува Факултети.Мк
Пластичните кеси се вториот најзастапен вид отпад во животната средина, по догорчињата. Пластичните кеси убиваат околу 100.000 животни годишно. Микропластиката го загадува и синџирот на исхрана, па не треба да нè изненадува што таа може да се најде и во човечкото тело. Според податоците од индустријата, на годишно ниво македонските граѓани користат од 120 до 150 милиони. Според други податоци, во нашата земја годишно се користат половина милијарда кеси. Ако се земе предвид податокот дека просечно секој жител на Македонија дневно користи по 2,15 пластични кеси, тогаш се доаѓа до застрашувачкиот податок дека во нашата земја се користат над милијарда пластични кеси годишно. Најголем дел од кесите завршуваат на депониите и ја загадуваат животната средина. Може да се рециклираат во теорија, но кај нас капацитети за рециклирање на пластичните кеси нема.

Оттука забраната за употреба на пластични кеси е повеќе од добредојдена, дури и неопходна. Ќе донесе нови правила, здрави навики, поголема одговорност на поединецот, почиста средина и помалку отпад.

Дневно секој човек користи по две кеси

Со Законот за управување со пакување и отпад од пакување сите пластични кеси се забранети со закон и противзаконски е доколку останат во промет по 1 декември. Со забраната за употреба на пластични кеси од денеска тие веќе нема да се произведуваат, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари. Тие што ги имаме по дома секако можеме да ги реупотребиме. А како што споделуваат дел од граѓаните, во нивните домаќинства има солидни резерви на кеси.
На граѓаните во моментов најмногу ги загрижува цената и стравуваат дека таа ќе се одрази врз домашниот буџет. Трговците, пак, се плашат дека цената ќе одврати дел од купувачите, трети сметаат дека ќе се одрази врз економијата на фирмите за производство на пластични кеси, а надлежните власти и еколошките друштва акцентот го ставаат на создавањето здрави навики и помалку отпад.

– Со новата владина мерка ние не ставаме акцент на наплатата 15 денари за кеса, туку на забраната за употреба на пластичните кеси. Со оваа мерка ќе се поттикнат нови навики, ќе се поттикне алтернативен начин на пазарење, ќе се актуализираат платнените торби.
Во Македонија годишно се пуштаат во оптек 5 илјади тони, а секој жител користи по две кеси на дневно ниво. Со наметнувањето да се користат платнени торби, главна цел е спречување на отпадот, спречување тој да заврши на депониите. Процесот на собирање и рециклирање кеси е скап и оваа мерка е одлично решение да се намали отпадот на пластични кеси. Центрите за рециклажа не посветуваат доволно внимание на овој отпад и затоа тој најчесто завршува на депониите. Оттука, овој отпад се разградува и ја загадува почвата, подземните води, влијае врз загадувањето на животната средина и микропластиката станува дел од синџирот на исхрана – изјави Борче Кузмановски, програмски координатор за социјална инклузија и зелена економија во „Гоу грин“.

Постепено да се хармонизираме со ЕУ

Оваа законска одредба е дел од законите за управување со отпад и дел од пакет-законите донесени од 15 септември, со кои продолжуваме со усогласувањето на законодавството на Македонија со Европската Унија. Бидејќи Македонија мора да има хоризонтално законодавство со Унијата, вели Кузмановски.
– Мора постепено да ги хармонизираме законите со Европската Унија. Со усвојувањето на законот се придржуваме кон хиерархијата со управувањето со отпадот, а најголем приоритет се дава на спречувањето на отпадот. Оваа мерка е токму тоа. Едноставно сѐ помалку ќе можат да се видат пластични кеси на депониите и ќе се спречи загадувањето со нив. Оваа мерка не е со цел граѓаните да почувствуваат финансиски товар, туку да се поттикнат здрави навики. Финансиски товар ќе почувствуваат само оние што нема да сакаат да се приспособат на мерката. Според мене, компаниите имаа време да се адаптираат на промените. Мерката е донесена на 15 септември. Производителите произведуваат само биоразградливи кеси, па оттука само биоразградливи ќе им бидат достапни – дополнува тој.
На прашањето како земјите од регионот или Унијата се справуваат, тој вели дека секоја земја има свој систем. Но хиерархијата е заедничка кај сите држави.

– Тука е кругот РРР. Или R – Reduce (смалување на количината на отпадот) R – Reuse (повторна употреба) и R – Recycle (рециклирање) и во сите земји се следат исти правила. Ние треба да држиме чекор со напредните земји. Дефинитивно ова е момент за да ги смениме нашите навики и да се освестиме за тоа колку отпад создаваме – вели тој.
Глобите се регулирани во Законот за управување со пакување и отпад од пакување (чл. 49 и чл. 50) во главата со наслов – VII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ, при што глобите поврзани со евиденцијата и пуштањето кеси за носење стоки или пластично пакување за еднократна употреба се класифицирани во прва и втора категорија на прекршоци. Детални информации на следниот линк https://bit.ly/3o5sMkW – истакнуваат од надлежното Министерство.

Според законот, глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра за микротрговци, од 18.000 до 20.000 евра за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра за средни трговци и од 89.000 до 98.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице според прекршочни санкции од прва категорија, доколку податоците од евиденцијата на квартална основа на бројот на продадените кеси не ги пријавува кај стручниот орган согласно членот 10 став (5) од овој закон, пишува во Законот.

Според прекршочни санкции од втора категорија, глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра за микротрговци, од 25.000 до 28.000 евра за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку пушта на пазар пластични кеси за носење стоки спротивно на членот 10 (кој забранува пуштање пластични кеси во употреба), произведува и/или пушта на пазар пакувања кои не се изработени согласно барањата од членот 12 од овој закон и уште многу други потточки, велат во Министерството за животна средина и просторно планирање.
За повеќе детали,Тука
Извор: Факултети.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...