9.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаНе се плаќа 15 денари за секој ќеса, еве кога не мора...

Не се плаќа 15 денари за секој ќеса, еве кога не мора да платите, објаснуваат од Владата

spot_img

Од Владата објаснуваат дека не треба да се плаќаат 15 денари за секоја ќеса:

<

Согласно Законот за управување со пакување и от пад од пакување од 1 декември 2021 година се заб ранува пуштање на пластични кеси за НОСЕЊЕ НА СТОКИ за еднократна употреба на пазарот во Република Северна Македонија.

Дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост што треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција („Сл весник на РСМ“ 265/2021).

За кои кеси се однесуваат овие одредби?

Пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети.

Под биоразградливи се подразбира дека до 1 јуни 2023 може да се пласираат оксо-биоразградливи кеси (МКС 1009) кои беа од 2013 година задолжителни.

По 1 јуни 2023 задолжително се пласираат кеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради (како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса -стандард МКС EN ISO 17556: 2020).

Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно заб ранети.

Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони (оние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример).

Пластични кеси за носење на стоки за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса (на местото на продажба) во продавници каде се продаваат стоки што не се за секојдневна општа употреба како книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.).

Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа во локалните компании за рециклирање и кај самите производители на пластични кеси кои повторно од нив би направиле нови кеси.

Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки.

Идејата е во овие почетни мерки да се опфатат субјектите што тргуваат со стока за секојдневна широка и најмасовна потрошувачка, за подоцна да се примени и во останатите места за продажба. – велат од Владата

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...