18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонија„Богохулие е отровот што го пушташ“ – му одговори Тренчевска на владиката...

„Богохулие е отровот што го пушташ“ – му одговори Тренчевска на владиката Петар

spot_imgspot_img

Жената не бара повеќе права, бара исти права и исти можности како и мажите. Ама Владико тоа ти со твоите ретроградни ставови, со понижувањата и омаловажувањата кон жената не можеш да го разбереш, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по изнесените ставови на владиката Петар за родовата еднаквост.

Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51 отсто од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме. Не е време на инквизиција, Владико. Живееме во демократија. Во време кога можеби не секоја жена е гласна, храбра, но оние гласните и храбри се борат за родова еднаквост. За своите права и правата на секоја друга жена. За правата на секој поединец во општеството“, се наведува во реакцијата на Тренчевска.

Претходно вчера, Владиката Петар во Велигденското послание рече дека родовата еднаквост е изопачена.

„Во минатите векови, до феминизмост и еманципацијата на жената, таа била сопруга, мајка, домаќинка, а денес таа е високоеманципирана со забележителни позиции во општеството, но често и разведена и самохрана мајка. Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе должности“ порача владиката Петар.

Рече дека на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост. Оваа идеологија, вели владиката Петар, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена.

„Господ ги создаде машко и женско и се друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо“ рече митрополитот Преспанско-пелагониски.

Владиката Петар рече дека често се случува феминистичките здруженија барајќи права да го вперат прстот во Црквата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...