8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Новогодишната ноќ на територијата на цела држава помина главно мирно

Спасовски: Новогодишната ноќ на територијата на цела држава помина главно мирно

spot_imgspot_img

Спасовски од полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“ : Новогодишната ноќ на територијата на цела држава помина главно мирно

Денеска (01.01.2024), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР на првиот работен ден во Новата година беше во посета на полицискиот центар „Ѓорче Петров“ каде што оствари работна средба со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје. На средбата на министерот Спасовски му беа презентирани активностите кои се преземаат во делот на оперативниот план „Безбеден град“ како и сите останати полициски активности кои се под нивна надлежност. Спасовски истакна дека во 2023 година Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје бележат значително зголемување на активности во рамки на воспоставените планови по „Безбеден град“ преку интензивни засилени мерки со цел заштита на сигурноста и имотот на граѓаните, спречување на извршување кривични дела и зачувување на безбедноста на граѓаните. „ Со посебен фокус на подрачјето на град Скопје, а по потреба мерки и активности се преземаа и на сите подрачја во државава, во рамки на планот во изминатиот период преземени се бројни мерки и активности заради превентивно дејствување и спречување на казниви дела, односно извршена е проверка на идентитет на над 10.800 лица, извршен е преглед на повеќе од 9.500 лица, извршен е преглед на над 5.200 возила, а приведени се 149 лица. При спроведување на Оперативните планови „Безбеден град“ и „Безбедно лето“ полициските овластувања се применети најмногу поради сторени кривични дела против јавниот ред и мир, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, фалсификување на исправи, пари, разбојништва и тешки кражби.“, рече Спасовски. Министерот Спасовски истакна дека и во 2023 година македонската полиција заплени повеќе од 100.000 парчиња пиротехника.

„Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. За таа цел од страна на полицијата беше засилено присуството на терен и беа преземени координирани и насочени мерки за одржување на поволна безбедносна состојба. Имаме неколку карактеристични случаи за кои преземаме мерки за расчистување. Тие карактеристични случаи се далеку помалку од изминативе години. Имало единствено нарушување на јавен ред и мир или вкупно 12 кривични дела на територијата на цела држава, најчесто недозволена трговија со дрога, и едно загрозување на сигурноста. Имаме регистрирани прекршоци по Законот за јавен ред и мир, вкупно 20 во сите СВР-а, имаме регистрирано два прекшоци по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, има вкупно 8 сообраќајни незгоди со материјална штета на територија на државата. Ова е најмал број на вакви сообраќајни незгоди кои се случиле досега. Има останати настани, поплаки кои биле пријавени, вкупно 11. Генерално ако погледнеме и низ територијата на државата, практично по еден, два настани се регистрирани по другите СВР-а, СВР Скопје, СВР Тетово се во кои имаме поголем број пријави, со оглед на населението итн, мислам дека апсолутно поволна безбедносна состојба во текот на целата вечер” рече министерот Спасовски во изјавата за медиумите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...

„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече...

„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни,...