14.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПосле цели 25 години, „Македонија пат“ доби нови машини за чистење снег.

После цели 25 години, „Македонија пат“ доби нови машини за чистење снег.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Моторните возила опремени со специјална опрема за чистење на снег кои „Македонија пат“ за три милиони евра ги купи преку „Технокомерц“ пристигнаа во земјата. Јавното претпријатие за одржување на магистралните патишта ја набавува оваа механизација за зимско одржување за прв пат после 25 години.
„Преку капитална блок-дотација од Владата до Јавното претпријатие за одржување на магистралните патишта доделивме средства за набавка на 15 нови комплетно опремени камиони со снежен пулт и соларка и 3 нови утоварни машини во вредност од 180 милиони денари”, изјави министерот за транспорт Благој Бочварски.

<

Од две добиени понуди, „Технокомерц“ го доби тендерот со најниска понуда, а сумата е прецизирана на 177.000.000 денари. Станува збор за 15 кипер камиони со специјална опрема за чистење на снег. Еден вреди 10.000.000 денари без ДДВ.

Моторната зафатнина на возилата ќе биде 11.000 сантиметри кубни, а максималната тежина 26 тони. Опремени се со ретардер, АБС, клима уред, помош при кочење и круз контрол. Минималниот стандард кој ќе го задоволуваат е Еуро 5. Ќе има автоматски менувач со 12 брзини напред и 3 назад. Плугот треба да е изработен од високо квалитетен челик, а расфрлувачот на сол треба да е контролиран од кабината.

Исплатата е одложена за 180 дена од приемот на механизацијата. Јавното претпријатие со години наназад ангажира приватна механизација за расчистување на снежните наноси на патиштата, а и редовно се жали дека онаа што е во нивна сопственост е амортизирана, односно дека често се трошат високи суми за набавка на резервни делови и поправки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија,...

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка,...