23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаЈавниот превоз е ризичен најмногу во Скопје и во Охрид-За 3 часа...

Јавниот превоз е ризичен најмногу во Скопје и во Охрид-За 3 часа откриени неисправни 31 автобуси и комбиња

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавниот превоз е ризичен најмногу во Скопје и во Охрид, откриле техничките прегледи во акцијата на МВР.

<

За само три часа контрола во раните утрински часови вчера откриени се вкупно 63 неисправни возила, претежно автобуси и комбиња, со кои се вршел јавен превоз на патници.

Најмногу проблеми, превозниците имале со неисправни кочници, односно 31 возило имало неисправен уред за запирање, а во две возила на технички преглед е откриен неисправен уред за управување односно воланот не функционирал соодветно на правилата за безбеден превоз.

После Скопје каде имало 22 неисправни возила, следува СВР Охрид каде во Охрид и Струга се откриени 16 неисправни комбиња и автобуси.

Соопштението на МВР:На 01.12.2021 од 8 до 11 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани се 63 неисправни возила. Од нив 31 возило имало неисправен уред за запирање, две возила неисправен уред за управување и др. Од овие 63 возила, 22 биле санкционирани на територја на СВР Скопје, 16 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Тетово, пет на територија на СВР Штип.

Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.
Телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...