20.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Скопскиот аеродром пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа

На Скопскиот аеродром пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На Меѓународниот аеродром „Скопје” пристигнаа двата авиона со посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија.

<

Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром е организирана церемонија на која присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

На плоштадот „Скендербег” во Скопје, пак, се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

На барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.

Сообраќајната несреќа се случи на на 23 ноември, на втопатот „Струма” во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс” – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.

Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...