24.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаБолката од ден за ден е поголема: Погребан Авни со сопругата...

Болката од ден за ден е поголема: Погребан Авни со сопругата и двете близначиња, Луан и Албан.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И денеска имаше погребни церемонии на жртвите во автобуската трагедија. Четворица членови на семејството Ахмети од село Виштица, кои живеаја во Скопје, денеска се погребани во нивното родно место. Стотици луѓе присуствуваа на погребната церемонија на целото семејство на Авни, заедно со неговата сопруга и двете четиригодишни близнаци Луан и Албан.

<

„Ова семејство згасна, се затвори куќата, четири починати. Кога ја добивме веста за тоа што се случи во Бугарија, бевме шокирани, затоа што сме семејство, но немаме што да правиме. Да даде Господ да им ги прости гревовите и на семејството да му даде сила. Што да правиме друго?“

Трогателни моменти на тага споделија роднините на загинатите кои раскажаа за последниот телефонски разговор што го имале со Авни. Починатиот се вратил од Германија и по екскурзијата во Турција ги средил документите за спојување на семејството, но трагедијата му ги прекинала соништата да го земе и семејството со себе во Германија.

„Најтешко е тоа што разговаравме 40 минути пред да тргнат од Турција кон дома. Ми рече дека никогаш немал подобар одмор. Не помина ниту еден ден да не се чуеме, дента му пишав на WhatsApp зошто не се јавува и каде се, но тој веќе бил мртов.“

Во меѓувреме, денеска на градските гробишта во Кичево беше погребан и Газменд Укали, кој заедно со неговата свршеница го загубија животот во Бугарија. Останатите жртви беа погребани вчера во Моране, Студеничани, Количани, Љуботен, Слупчане и Тетово. Десет дена по трагедијата, посмртните останки беа донесени во земјава со два бугарски воени авиона, кои беа примени со државен протокол, со високи почести на скопскиот аеродром.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....