17.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаПо кратко боледување, во 66-та година од животот почина познатиот новинар од...

По кратко боледување, во 66-та година од животот почина познатиот новинар од Охрид Симон Илиевски. Беше еден од доајените на охридското новинарство.

spot_imgspot_img

По кратко боледување, во 66-та година од животот почина познатиот новинар од Охрид Симон Илиевски. Беше еден од доајените на охридското новинарство, со плодна и бурна професионална кариера во која го красеше препознатлив стил на изразување. Како новинар и дописник од Охрид за повеќе редакции остави огромен број новинарски натписи, радио и тв прилози, документарни и и други емисии.

Со новинарство почнал да се занимава уште од средношколските денови пишувајќи во гимназискиот весник „Јужен бран“. По завршување на студиите по новинарство во Скопје, пишувал за „Студентски збор“, белградски „Студент“ загребски „Студентски лист“, словенечките „Трибуна“ и „Катедра“, како и за весникот Младост, а кратко соработува и со Македонската радио телевизија. Дописник бил на радио „Београд 202“, подоцна за „Студио Б“, а текстови објавувал и во познатите весници од времето на поранешна Југославија „Борба“, „Политика“ и„НИН“, а кратко соработувал и со државната агенција Танјуг.

Соработувал и со повеќе радија, а најголем печат остави во Радио Охрид, каде беше новинар долги години. По осамостојувањето на Македонија работеше во локалните телевизии АТВ од Струга, охридските ТВМ и НТВ, а беше дописник на „Утрински весник“ од основањето и на телевизијата Канал 5.

Симон Илиевски беше претседател на Регионалната канцеларија на Здружението на новинари Охрид – Струга до 2010 година кога целосно се повлече од новинарството и почна со работа во службата за односи со јавност во Општина Охрид.

Илиевски беше омилен лик помеѓу новинарите, секогаш духовит и ведар и исклучително почитуван од колегите, несебично пренесувајќи го своето богато искуство на помпадите. Беше семеен човек, родител на две деца и дедо.

По повод смртта на Симон Илиевски, Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид и Струга, во среда ќе организира комеморација во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 10:30 часот.

Посмртните останки на новинарот Симон Илиевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид во среда, 13 декември од 12 до 12:30 часот.
OhridNews

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...