14.9 C
Ohrid
недела, мај 12, 2024
ПочетнаМакедонијаПржење компирчиња во германски Мекдоналдс за 1.600 евра плата, наспроти канцелариска работа...

Пржење компирчиња во германски Мекдоналдс за 1.600 евра плата, наспроти канцелариска работа за 400 евра – што избираат младите Македонци?

Го поминав летниот распуст во мало место во Германија, работев во ланецот за брза храна Мекдоналдс, и да, повторно планирам да заминам и наредното лето – за „Фокус“ раскажува студентка, која вели дека со неколку пријатели годинава за првпат отишла во Германија.

Првичната цел и била да стекне нови искуства во друга земја, но и да може самата да си ги плаќа трошоците додека е таму.
Како што вели нашата соговорничка, за час работа добивала околу 11 евра, што значи дека минималната плата во Мекдоналдс, за обичен работник месечно изнесувала над 1.600 евра. Во зависност од работната позиција и одработени часови, некои од вработените месечно добивале и над 2.000 евра плата.

Со оглед на тоа што изнајмувањето на стан, или соба во помали места во Германија е поевтино од поголемите градови, открива дека месечно трошоците за сместување и изнесувале околу 300 евра.

-Со две пријателки, студентки, бевме сместени во заеднички стан, сумата која секоја од нас ја одвојуваше за сместување изнесуваше 300 евра. Значи, ако се сака, може на крај на месец и да се заштеди некој денар од плата. Искуството ни беше позитивно, бевме во земја каде на секој чекор се гледа дека владее ред, на улица не може да се најде ниту опушок од цигара, работникот е почитуван и си ги знае своите обврски кои мора да ги исполнува. Ако работиш вредно, нема никаков проблем. Не наидовме ниту на административни проблеми, секоја работа се завршува бргу и без компликации- раскажува студентката.

Околу работата во локал за брза храна, додава дека се работи како секаде во светот, не е ништо комплицирано, иако на периоди можело да биде напорно, а работата најмногу им одговарала на млади лица кои се уште немаат свое семејство кое би требало да го издржуваат.

-Со тек на време се свикнуваш, а дневницата ти дава дополнителна мотивација. Кога ќе размислам, подобро ми беше да пржам компирчиња во германски Мекдоналдс цело лето, отколку да работев кај нас во угостителски локал, бидејќи платите не можат ниту да се споредат. Дури и кога станува збор за канцелариска работа во Македонија, не треба да изненадува тоа што се повеќе млади луѓе решаваат да се спакуваат и да заминат во европска земја. Со плата од 400 или 500 евра, реално не може да се има живот каков што посакуваат младите, посебно пак ако веќе имаат формирано семејство – вели нашата соговорничка.

Друг наш соговорник, момче во своите средни 20-ти години, по потекло од помал град, веќе една година живее во Германија, и како што вели, се вратил само на две недели, да се види со блиските, а потоа пак се враќа на тамошниот живот.

-Не гледав никаква перспектива во Македонија. Не сакам никој да ми го потценува трудот и знаењето, и иако завршив економски факултет, се преселив во Германија каде моментално работам во локал за брза храна. Имам мои пријатели исто така од Македонија, кои подолг период се веќе во Германија, повеќето започнаа првин во ресторани, а потоа кога добро ќе се научи јазик, се отвораат и други можности за подобро платена работа. Некои се во транспортен бизнис, некои имаат и по две работни места, се трудат да си го средат животот.
За враќање назад, засега, никој од нас не помислува. Доволно е да прочитаме дневни вести за случувањата во Македонија, за корупцијата, за малите плати, за проблемите со кои народот редовно се соочува, и да сфатиме дека сме го направиле вистинскиот избор. Цената на храната во големите маркети е пристапна, ако не се оди по ресторани и клубови, може да се заштеди – вели нашиот соговорник.

Вики Клинчарова

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Грчката амбасадорка изреволтирана: Претседателката Давкова наместо Северна кажала Македонија.

Грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа откако новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова ја даде заклетвата и наместо...

Тошковски со честитка до Силјановска: Сигурен сум дека со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности

Тошковски со честитка до Силјановска: Сигурен сум дека со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности Mинистерот за внатрешни...

Швајцарија победник на Евровизија – момчето ја освои Европа со лакирани нокти, мини здолниште и нашминкано лице..

Швајцарскиот пејач Немо победи на изборот за песна на Евровизија во шведскиот град Малме, пренесоа светските агенции. Немо доби 591 поен со песната „The Code“....

Ограбена канцеларијата на МАТИЧНОТО во Прилеп

На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории...