17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЛузим, херојот кој спаси шест луѓе: Навечер не можам да спијам, сликите...

Лузим, херојот кој спаси шест луѓе: Навечер не можам да спијам, сликите ми се во глава од несреќата, се будам во 1 часот !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Така е напишано од Бог. Јас да бидам тој кој ќе спаси уште луѓе после мене. Му благодарам на Бог што ми даде втор живот“, рече Сулејмани, еден од преживеаните во автобуската несреќа во Бугарија.

<

Вака Лулзим Сулејмани го започна разговорот со екипата на ТВ21 при нивната посета во Прешево. Тој е херојот кој од пламените јазици на автобусот ги извлекува малкумината спасени патници. Понудата на Беса Транс била примамлива, па така се одлучил да резервира за него и неговата свршеница.

„Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој не водеше секаде. Беше прекрасно. И шоферите беа добри, беа два и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи и така.“, изјави Сулејмани.
Автобусот бил добар, но не знаеле дека нема лиценца.
„Патот не беше тежок. Не возеше брзо. Нормално, како што вози автобус, 100. И автобусот беше добар, а за лиценцата не знам.“, вели Сулејмани.

Лулзим се уште е во шок. Вели дека не може да спие, а сликите од трагедијата постојано се вртат во неговата глава. Еднаш неделно посетува психијатар во болницата во Врање.

„Се ми се повторува во главата, 24 часа откако… Бидејќи јас бев буден и видов се од трагедијата и сега се ми се врти во главата. Сега не можам да спијам како претходно… Се будам, не можам да спијам, спиеш само 1-2 часа. Кога ќе се пробудиш, потоа не сакаш да спиеш. Не е како што беше…“, вели Сулејмани.
Еден мал детаљ кој го забележал Лулзим при влегувањето во автобусот, спаси неколкумина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...