27.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаИстрага против командирот на битолскиот затвор кој претепа затвореник без причина, па...

Истрага против командирот на битолскиот затвор кој претепа затвореник без причина, па го фрли во самица !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинителството за организиран криминал – оддел за гонење на лица со полициски овластувања, неделава го сослушал битолчанецот Никола Калчовски (25) од Битола, затвореникот кого командирот на смена без причина го претепа и го повреди во затворот во Битола.

<

Обвинителството отвори истрага против командирот П.Н., откако Калчовски го пријавил настанот во Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи, од каде поднесоа кривична пријава за тортура и нечовечко постапување против командирот – тепач на лица лишени од слобода.

Снимките од видеонадзорот што уште во март ги бараше Хелсиншкиот комитет, не постојат. Калчовски тврди дека се избришани, а затворската управа тврдела дека по истекот на 30 дена тие автоматски се бришеле.

Но, за среќа, тепањето го фотографирал друг затвореник.

За ќотекот на Калчовски, кој ја издржуваше затворската казна во отвореното одделение на КПУ Битола, САКАМДАКАЖАМ.МК пишуваше во март. На Калчовски казната му истече, сега е на слобода. Тој е сведок-оштетен во случајот што се води против командирот и редакцијата вчера него го контактираше.

КОМАНДИР ВО БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР ПРИЈАВЕН ДЕКА ИСТЕПАЛ СО ТУПАНИЦИ ОСУДЕНО ЛИЦЕ БЕЗ ПРИЧИНА, А ЗАТВОРСКАТА УПРАВА ТЕПАНИОТ ГО ФРЛИЛА ВО САМИЦА
„Бев сослушан од обвинител. Му кажав и нему како се случи тортурата врз мене без никаква потреба и без провокација од моја страна. Мене дента не ми беше добро, па побарав лекарска помош. Командирот без никаква причина се нафрли врз мене, почна да ме тепа. Ме удираше по главата и по телото. Не се плашеше што има сведоци, ме удираше пред други осудени лица од отвореното одделение“, раскажува Калчовски, кој тогаш имал 24 години.

Тој вели дека тортурата врз него не завршила тука. Командирот поднел дисциплинска пријава пред управата на КПУ Битола, а таа веднаш донела одлука Калчовски да го фрлат во самица.

„Добив мерка самица во траење од 5 дена. Командирот што ме испотепа без причина влегуваше и ме тепаше и во самица, ‘на само’“, тврди Калчовски, кој добил повреди по лицето, главата и на ребрата.

Но, и ова не било најстрашното. Откако оштетениот излегол од самица, го изгубил третманот, па од отвореното, бил преместен во полуотвореното одделение во затворот.

По излегувањето од затвор, осомничениот командир П.Н. го посетил дома Калчовски.

„Дојде всушност до пред куќа. Молеше да ја сменам, т.е. да ја повлечам изјавата против него. Но, јас ќе одам докрај. Не знам зошто го бара тоа од мене кога тој е многу јак. Уште е командир на смена, не е суспендиран од местото“, вели 25-годишниот Никола.
За повеќе детали,Тукасдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...