9.9 C
Ohrid
недела, декември 3, 2023
ПочетнаМакедонијаРеменски: Јас како права домаќинка на Боки 13 му давав чварки, многу...

Ременски: Јас како права домаќинка на Боки 13 му давав чварки, многу сакаше да ги јаде !!

Кандидатот за претседател на СДСМ Фросина Ременски има 44 години, Родена е во 1977 година во Крива Паланка. Нејзината биографија говори дека дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста. Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на полициската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за вонреден професор на Факултетот за безбедност.

Добитник е и на државната награда „Гоце Делчев“ во 2008 година за посебен придонес во науката од интерес за Македонија, а автор е и на повеќе од 70 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес објавени во домашни и странски научни списанија.

Во 2009 година е избрана за член на советот за безбедност и НАТО интеграции на СДСМ, а во 2013 година е избрана за потпретседател на централниот одбор на СДСм.

Во ноември 2015 година, пак, ја презеде должноста министер за труд и социјална политика, согласно Договорот од Пржино, заменувајќи го дотогашниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов.

Фросина Ременски е сопруга и мајка на две малолетни деца, а важи и за голема домаќинка која чува кокошки, и одгледува исто така и зеленчук. Фросе накратко одговори кој е Боки и каков е како другар.

„Јас го запознавам Боки 13 додека бев Министер за труд и социјала во техничакта влада. Тој доаѓа во министерството да се заблагодари што не сум дозволила неговата мајка да остане на улица и без работа, тоа се случи во 2016 година“, изјави Фросина Ременски во емисијата во Центар и додаде:

„Јас му носев чварки на Бојан Јовановски бидејќи сакаше да јаде чварки и тоа е нормално бидејќи јас сум домаќинка“.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков...

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странство

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странствоЗ.Н. (32) од Кочани пријавила исчезнување на нејзината 13 годишна ќерка. Според пријавеното,...

Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата...

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа

Македонија започнува со сериско производство на дронови, Инфомакс ексклузивно го дознава името на првиот македонски дрон!Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има...