16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСо караница помеѓу обвинетиот Боки 13 и судијката Софче Гаврилова-Ефремова, заврши рочиштето...

Со караница помеѓу обвинетиот Боки 13 и судијката Софче Гаврилова-Ефремова, заврши рочиштето за „Меѓународен сојуз“.

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова, заврши рочиштето за „Меѓународен сојуз“.

Јовановски побара нејзино изземање од процесот во кој му се суди, а в.д. претседателот на судот, Иван Џолев го нарече корумпиран. Откако неколку пати го прекина во неговото излагање, судијката Гаврилова-Ефремова и нареди на затворската полиција да го изнесе Јовановски од судницата.

Караницата започна откако обвинетиот се објаснуваше дека недостасуваат материјали од неговиот телефон кој го вештачеше МВР и дека не е виновен што тие не се презентирани, бидејќи форензичкото вештачење го добил летото.

“Ќе ви дадам еден податок кој судот го знае колку и јас. Копијата на судот му е дадена во јуни 2021 година. Тоа се месеци на годишни одмори….“, рече Јовановски, по што судијката го прекина со образложение дека тоа веќе го кажал неговиот адвокат Сашко Дуковски, а Јовановски продолжи: “Вие имате константна потреба да ме цензурирате. Вие постојано ме цензурирате. Само тоа што ви одговара го кажувате“.

На ова, возврати судијката Гаврилова-Ефремова: “Судот дава и одзема збор. Овде се зборува конструктивно. Обврзна сум да нема дефокусирање на главната расправа“, на што Јовановски возврати: “Мене две години што ме тероризира јавноста, тоа нема врска. Само вас кога ви одговара тогаш се споменува јавноста”.

По ова, следуваше ново барање за изземање на судијката од страна на Бојан Јовановски.

“Судијата Софче Гаврилова-Ефремова апелирам до в.д. претседателот на овој суд, иако имам недоверба и кон него, апелирам најсериозно да ги земат во предвид сите овие наводи за крајно тенденциозно однесување од страна на судијата и тоа: на секое рочиште за главна расправа, судијата ми предизвикува психички стрес поради тенденциозното, малициозно, анимозитетно однесувсње единствено кон мене како обвинет и странка во постапка. На минатото рочиште ми беше одземено правото да побарам одземање со образложение тоа да го направам писмено, а требало под нови околности. Но тоа треба да го цени друг, а не судијата за кој барам изземање. Со оглед дека се наоѓам во пенални услови да не можам писмено да побарам и да ги остварам правата…”, рече Јовановски.

Судијката Гаврилова-Ефремова го прекина во неговото излагање и посочи: “Сите кои издржуваат затвор имаат право и во судот пристигнуваат писмени поднесоци”, по што Јовановски додаде: “Со блиска роднина, сестра на судечкиот судија сум бил во пријателски односи, нека го провери тоа”.

“Јас немам сестра. Или не знам до сега дека имам сестра. На обвинетиот укажувам дека сите други причини во однос на барањето за изземање да бидат писмено доставени”, рече Софче Гаврилова-Ефремова.

Јовановски возврати: “Јас реков близок роднина, женска особа. Можам да ви ја донесам на следното рочиште”.

Судијката го прекина обвинетиот Бојан Јовановски со барање од затворската полиција да го изнесат од судот.

“Изнесете го обвинетиот од судот“, кажа судијката со барање писмено да се произнесе за неговото барање за изземање.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...