9.6 C
Ohrid
среда, ноември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски: За 11 години власт ниту еднаш не ги променивме учебниците по...

Груевски: За 11 години власт ниту еднаш не ги променивме учебниците по историја

Денес некожам а да не се присетам на валканата пропаганда повеќе од една деценија со која измамници во политиката и новинарството зборуваат дека јас и владата и партијата која ја предводев сме ја антиквизирале Македонија и на сметка на тоа сме го избришале словенското наследство и култура на просторот на Македонија, напиша поранешниот премиер Никола Грувски на Фејсбук честитајќи го 8 декември.

-Знам дека многу луѓе поверуваа во тоа, затоа што нашите политички противници и медиумите кои ги подржуваат до денес го лажат народот за тоа дека јас и моите соработници сме ја фалсификувале историјата поврзана со словенскиот период, јазик и култура. Вистината е дека ниту една друга влада на Македонија не извршила поголема афирмација на историјата поврзано со словенството и таа афирмација има еден вид траен карактер, мошне видлив и лесно докажлив, а делумно може и да се допре. Да одиме по ред:

. Во 2007 година на предлог на владата и потоа одлука на парламентот денот 8 декември за прв пат во историјата на Македонија е прогласен за државен празник во Македонија и неработен ден за сите граѓани на Македонија.

2. Паралелно за прв пат во историјата на Македонија во 2007 година се воведе доделување државна награда Св. Климент, која до ден денес се доделува, исто така на предлог на владата која ја предводев.
3. Прв пат во 2007 година започна државно одбележување на овој празник со пригодни свечености на кои се обраќа Премиерот или Претседателот на Македонија со телевизиски пренос и бројни присутни гости.
4. Во 2007 година на предлог на владата а потоа со одлука на парламентот денот 24 Мај за прв пат во историјата на Македонија се прогласи за државен празник и неработен ден за сите граѓани на Македонија. Претходно овој ден се одбележуваше со некакви помалку формални свечености но никогаш не бил државен празник на Републиката. Не се сеќавам дали веќе беше или тогаш се воспостави наградата Св.Кирил и Методиј.
5. Некаде во 2010 година започна и се доведе во финална фаза проект кој оваа актуелна влада денес го запре или забави, вреден околу 14 милиони евра со кој околу црквата Св. Пантелејмон во Охрид, на Плаошник, најпрвин се инвестираше во обемни археолошки истражувања а потоа и градба на објекти поврзани со историскито наследство на Свети Климент кои околу 70% ги довршивме до крајот на нашиот мандат и кои за жал токму сегашната влада толку ги забави што може да се каже и дека ги запре. Црквата Св. Пантелејмон беше возобновена во 2002 година кога премиер беше Љубчо Георгиевски, министер за култура Ганка Цветанова, а јас го предводев министерството за финасии, па проектот кој со Паско Кузман и Елизабета Канческа Милевска го започнавме некаде околу 2010 година е продолжение на тој проект од 2002 година, но кој е и финасиски многу поголем бидејќи станува збор за поголем број објекти меѓу кои возобновување на Светиклиментовиот универзитет, Светиклиментова библиотека, музејски дел, Факултет за богословие, седиште на охридскиот епископ и уште неколку други поголеми објекти.
6. Владата финасираше изработка на документарни филмови и тоа еден за Св. Климент, друг за Св. Наум и еден за Св. Кирил и Методиј. Се вршеа подготовки и за една телевизиска серија за Св. Климент и Наум во соработка со една Чешка продукција специјализирана за снимање средновековни играни телевизиски серии која веќе имаше направено таква серија за Св. Кирил и Методиј, но за жал почетокот на политичката криза во 2015 година не дефокусира и не се реализираше тој проект.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Принцот Вилијам по третпат е прогласен за најсекси ќелав маж во светот,

Принцот Вилијам две години по ред е прогласен за најсекси ќелав маж на светот. Новото истражување на маркетиншката агенција „Рибут“ го стави принцот од...

Дете на 16 години ја возело колата што вчера направи сообраќајка кај Бистрица, објави СВР Битола

Полицијата соопшти - На 12.11.2024 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Бистрица се случила сообраќајна несреќа...

Таткото на Вања бараше да му пишеме на Илон Маск за да ја најде со сателит, сведочеше тетката на Вања

Во Основен кривичен суд Скопје, во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска сведочеше тетката на Вања. Таа зборуваше за потрагата...

18-годишник загина во сообраќајна несреќа во Охрид, 16-годишник со тешки повреди

На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски...