14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаБучковски: Мора да покажеме дека имаме заедничка, а не споделена историја со...

Бучковски: Мора да покажеме дека имаме заедничка, а не споделена историја со Бугарите!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Специјалниот пратеник на премиерот во заминување Зоран Заев, Владо Бучковски, во интервју за софиски „Дневник“, потврди дека со Бугарија дефинитивно имаме заедничка, а не споделена историја.

<

Тој вели дека македонската страна сака преговорите да ги заврши за еден месец. Бучковски најавува дека во Македонија ќе се сменат учебниците по историја, по географија, па дури и по литература, само за да се добие датум за преговори со ЕУ.

Во врска со самоопределувањето на македонските граѓани кои се чувствуваат како Бугари, Бучковски вели дека треба да се искористат сите инструменти и можности, но најлесно би било ако се дојде до промена во Уставот на Македонија и во Преамбулата да се даде дополнителна гаранција.

Сепак, Бучковски најмногу инсистира на работата на комисијата за историски прашања, која има обврски да предложи решенија за хармонизација на учебниците по историја, географија и литература.

– Тоа е многу важно за идните поколенија – вели тој.

Во врска со обвинувањата на бугарската страна за говор на омраза во Македонија, Бучковски вели:

– Не можеме да ги спречиме универзитетите или академиците, кои говорат од свое име, да прават штети. Во Македонија се бориме со тие провокации. Тоа ќе биде една од најделикатните задачи. Ќе треба да сме поупорни, зашто во говорот на омраза има сериозен список, што треба да прават едната и другата страна, повеќе македонската страна. Тоа е точката каде или ќе дојдеме до зголемување на довербата или повторно ќе имаме успеси и падови.

Бучковски ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека покажува нервоза за ова прашање.

– Ако ВМРО-ДПМНЕ е нервозна и обвинува за предавство, да знаете дека работите се движат и може да има договор – вели тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...