16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаНад 52 отсто од младите во земјите од регионот сакаат да се...

Над 52 отсто од младите во земјите од регионот сакаат да се иселат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Невработеноста, иселувањето и ограничените можности, се главните проблеми со кои секојдневно се соочуваат младите во Албанија и земјите во регионот, оценето е на регионалниот министерски состанок за млади и образование, што се одржа во Тирана, со учество на ресорни министри и претставници од Западен Балкан и Италија.

<

На состанокот, кој се одржа на националниот ден на младите на Албанија, 8 декември, речено е дека списокот на празнини започнува од невработеноста која потоа влијае на нивното иселување.

Еден од главните предизвици со кои се соочуваат младите денес е невработеноста, која како голема последица ја носи емиграцијата. Ни недостига интегритет во институциите на земјата и немаме соодветна демократија. Ова, верувам, се главните последици и главните проблеми кои се соочуваат млади луѓе, посочено е на средбата.

Секретарот на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) Алберт Хани, смета дека емиграцијата на младите е регионален проблем.

-Над 52 отсто од младите сакаат да се иселат од регионот на Западен Балкан. Ова е алармантна бројка, но и нов предизвик за актерите кои се нафатија да го

трансформираат патот на младите, рече тој, пренесува Ора њуз.

Тој одговори и на прашањето дали „Отворен Балкан“ е добра можност да им се понуди повеќе на младите.

-Мора да се поддржат сите иницијативи кои ги обединуваат соништата на младите, додаде Хани.

Собирот го организира Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и ресорните албански министерства.

Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...