9.9 C
Ohrid
недела, декември 3, 2023
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ денеска ќе бира лидер, пријавен само Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе бира лидер, пријавен само Мицкоски

ВМРО- ДПМНЕ денеска ќе одржи редовен партиски Конгрес, на кој ќе се избира новиот лидер на партијата. Од партијата по Конгресот најавуваат нова доктрина и сериозни кадровски освежувања.

Конгресот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и на делегатите. Конгресот во 12 часот ќе го отвори Ѓорѓи Сајковски, а претседавач на работното претседателство ќе биде Александар Николоски.

После тоа ќе следи затворен дел, на којшто ќе присуствуваат само делегати. Од 16 до 17:30 часот ќе биде паузата за гласање, по што е предвидено обраќање на новиот претседател на партијата.

Досега за претседател на партијата е поднесена само една кандидатура, и тоа на актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, а рокот за поднесување кандидатури е до самиот Конгрес.

Се очекува на Конгресот Мицкоски да најави сериозни кадровски освежувања што ќе се случат по Конгресот, во согласност со новите политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на новата доктрина, која, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде нова водилка на партијата во наредниот период, и која ќе биде разгледана на Конгресот, неофицијално ќе стои дека „основна цел на ВМРО-ДПМНЕ во овој временски момент, е кај граѓаните да ја возобнови надежта дека може да се живее добро дома во Република Македонија“.

Во доктрината натаму, неофицијално ќе стои, „секој обид за отворање дискусија, на билатерален или мултилатерален план, околу идентитетските прашања и карактеристики на македонскиот народ, по автоматизам води кон пробламатизирање на македонската самобитност и единственост. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за праведноста и почитта кон македонскиот народ и држава во меѓународните односи“.

Како што посочија од ВМРО-ДПМНЕ, за време на Конгресот ќе се почитуваат строгите КОВИД протоколи, а на самиот влез ќе се проверува вакцинален сертификат или негативен тест на сите присутни.
Fokus

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков...

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странство

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странствоЗ.Н. (32) од Кочани пријавила исчезнување на нејзината 13 годишна ќерка. Според пријавеното,...

Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата...

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа

Македонија започнува со сериско производство на дронови, Инфомакс ексклузивно го дознава името на првиот македонски дрон!Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има...