22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаСветВиталиј Кличко: Се подготвуваме за војна од Русите !!!

Виталиј Кличко: Се подготвуваме за војна од Русите !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначлникот на Киев, Виталиј Кличко, ја повика меѓународната заедница за поддршка и воена помош за Украина поради, како што тврди, опасноста од руска инвазија.

<

– Се подготвуваме низ целата земја дека може рускиот претседател Владимир Путин да даде наредба за војна, напиша Кличко во авторскиот текст објавен во германскиот дневен весник „Билд“.

Поранешниот светски шампион во бокс нагласи дека како војник еднаш се заколнал оти ќе ја брани државата и рекол дека е подготвен да се бори за својата татковина.

Тој напиша дека како градоначалник на украинскиот главен град организира цивилна заштита, а неговите градски власти веќе започнале со интензивирање на регрутирањето и обуката на резервистите за територијална одбрана.

– Ние сме европска земја на која и е потребна европска поддршка повеќе од кога било, заклучи Кличко.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...