13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаБоки13 до Вилма: Вилмич во затвор сум и сум добар, ама...

Боки13 до Вилма: Вилмич во затвор сум и сум добар, ама наскоро ќе ги замениме местата.

Обвинетиот Бојан Јовановски, Боки 13 испрати отворено писмо до обвинителката Вилма Русковска. Во него тој го споменува случајот со „27 април“, потоа со случајот „Рекет“, и поставува прашања на кои бара обвинителката да му одговори. Во дел од писмото Јовановски обраќајќи и се на Русковска со „Вилмич“, вели дека е добро и дека е во затвор, и изразува надеж дека еден ден ќе ги заменат местата.

Отвореното писмо испратено преку адвокатот на Јовановски до Русковска ви го пренесуваме во целост:

Е па госпоѓо обвинителке, Вилма Русковска, после повеќе од две години решив јавно да ви се обратам, покрај тоа што ќе поднесам тужба за клевета и ќе ги искористам правните алатки кои ми се на располагање против вашите лаги и бесмислици, во смисла на високиот степен на јавен интерес и ќе ви поставам неколку јавни прашања во ова отворено писмо до вас, а воедно на јавноста ќе и разјаснам многу дилеми кои вие со Вашето нестручно и тенденциозно работење ги оставивте како неразјаснети дилеми поврзани со случајот “Рекет”, а тоа е така бидејќи сте обичен банален паушалец кој мисли дека врши јавно обвинителска функција па од позиција на моќ делувате многу силно, а во суштина сте една правна и стварна табула раса која наместо со професионализам и знаење вие обвинувате од ракав, баш така паушално и селективно за кое и самата во емисијата кај Васко Ефтов признавте дека токму така работите и обвинувате.

Кога одговарате на прашањето за случајот 27ми Април и повеќе од јасно кажавте дека сте ги обвиниле луѓето од ракав, а јас и лично тоа многу добро го знам! Точно знам како го работевте предметот 27ми Април за кој предмет добивте награда шефовско место во обвинителството, ЖАЛНО! Елем, сега одиме конкретно, јасно и многу гласно!!!

На прашање на новинарот Ефтов дали може во таа фамозна LV торба да бидат сместени 1 милион евра вие велите дека може (експерти, стручни банкарски лица велат дека е невозможно, но ете како сестрана личност, “темелна и објективна” одговорот го црпите од некој си ваш НОВ ИЗМИСЛЕН И ИИМАГИНАРЕН СВЕДОК! Вашиот одговор со “МОЖЕ” го темелите од некој сведок кој бил ваш ПРИЈАТЕЛ и кој ви кажал дека ми дал 500.000 евра во мало плико?!?!?! Госпоѓо Русковска барам веднаш ЈАВНО да одговорите кој е тој сведок, каде сведочел тој сведок, дали покренавте кривично правна постапка против мене бидејќи во емисијата кажавте дека тој сведок ми дал наводни 500.000 евра. Лажете и се смеете, баш ви доликува на функцијата која ја вршите, но не заборавајте госпоѓо Русковска дека јас одлично ви ја препознавам таа “ДАРВИНОВА” насмевка позади која се кријат шпекулации и брутални лаги! За ова изнесено ќе се видиме на суд, каде ќе морате да го донесете тој сведок кој ми дал наводни половина милион евра во мало плико, бидејќи како што рековте го познавате со години и дека ви е пријател!!! Ова се вашите методи госпоѓо Русковска, наместо да применувате правна методологија при вршење на вашата јавно обвинителска работа, вие применувате методи на замајување, шпекулации и невистини, како би ја оправдале вашата неспособност, нестручност и вашето обвинителско парадирање, а не работење!!!

Е сега, гледајќи ве со внимание во емисијата на Ефтов, сфатив дека не сте глупа, не сте паметна, дека вие едноставно сте еден обичен конфабулант и обвинителски манипулатор, а за тоа не треба да сте паметна, туку малку итра и многу исфрустрирана!!!

Ајде сега за РЕКЕТ!!!

Доста ја лажевте и јавноста и оние судии на кои им претевте дека ќе ги истресете од гаќи па тие под ваш притисок, а и со нивниот “путер на глава”, мораа да ме огласат за виновен! Единствено ми е криво што кога ќе дојде време штетата кон мене нема да ми ја платите лично вие и судиите со путерот на глава и истресените гаќи, туку државата, но сепак државата е виновна што поставува такви недоветни да обвинуваат, судат и одлучуваат. Госпоѓо обвинителке Русковска, сега ќе ви поставам еден сет на прашања кои ќе дадат една логична целина на случајот РЕКЕТ и вистината за случајот која ја криете, а добро ја знаете!!! Воедно, и без да ги одговорите прашањата со самото ваше молчење ќе ве разобличат и Вас и случајот РЕКЕТ!

Прашање број 1

Дали лицето Зоран Заев од позиција на Премиер извршил лично влијание и уцена врз Катица Јанева да бидат пуштени од затворски притвор Камчев, Мијалков и други лица? Го имате одговорот во мојот телефон, во мојата комуникација со Зоран Заев на апликацијата WHAT’S APP каде зборуваме за омекнување на Катица Јанева, на ден 10.11.2018 (сабота). Разговорот го водиме јас и Зоран Заев во неговиот премиерски кабинет па потоа продолжува преку телефонска комуникација и преписка на WHAT’S APP.

Прашање број 2
Одговорете колку пати и со кого лицето Јордан Камчев бил во кабинетот на Заев и што се договарале Заев, Камчев и Зоран Милевски Кичевскиот? Повторно мојот одговор го имате во мојот телефон. (Биле неколку пати пред да биде отворен предметот “ИМПЕРИЈА” и пред да биде притворен Камчев за Империја и токму со Заев постигнале договор за случајот Империја и лично ветување од Заев дека нема да има кривичен прогон бидејќи тој ја контролирал Катица)

Прашање број 3

Одговорете дали знаете дека токму Зоран Заев му ветил на Камчев и на Кичеец во присуство на “бугарските пријатели” дека нема да биде процесиран предметот “Империја” и што договориле за возврат?

Прашање број 4

Одговорете дали знаете дека бугарски државјани, лица од бугарската служба и советник на Бојко Борисов (за мене, за Камчев и за Заев добро познато им е, добро познато ви е и на вас) со помош на Зоран Заев извршија шпионажа и го нарушија суверенитетот на нашата држава при изведување на операцијата “Рекет” поради лукративни и лични интереси?

Прашање број 5

Дали Јордан Камчев ви ги даде снимките каде што го снимал Зоран Заев кој што го испраќа кај Ванчо Чифлиганец за да заврши работа со предметната обвинителка Лиле Стефанова?

Прашање број 6

Дали Јордан Камчев или Кичеец ви ги пуштија снимките од средбите со братот на Зоран Заев, Вице Заев, кој го снимале како се договара со нив за суми и трансакции?

Прашање број 7

Дали ги слушнавте снимките на Јордан Камчев и Кичеец кој зборуваат за еден милион евра кои треба да ги платат на Врховниот Суд со амин на Заев за донесување на начелното правно мислење со кое Камчев беше ослободен?! (за кое што и самиот Заев призна дека без негово знаење и одобрување не можело да се донесе такво правно мислење од Врховниот Суд)

Прашање број 8

Дали ги прочитавте пораките помеѓу мене и Заев каде зборуваме за случајот со Камчев и дали ги видовте моите пораки каде јас прво го информирам Оливер Спасовски за Камчев, Заев и целата оваа операција наречена “РЕКЕТ”? (комуникацијата е месец Април 2019 година пред претседателските избори)

Прашање број 9

Одговорете колку пати Ана Камчева заедно со Зоран Милевски биле во кабинетот на Заев додека Јордан Камчев беше во притвор и што се договарале со Заев на овие полноќни средби на Илинденска бб?

Прашање број 10

Одговорете дали Зоран Заев ме испраќа мене кај лицето Сашо Мијалков да преговарам за референдумското прашање, за негово повикување за референдумот и делување против ВМРО-ДПМНЕ и пишување на јавни писма против Мицкоски?! (одговорот го има во мојата комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков, кој подоцна почнуваат лично да комуницираат и да се договараат по сите прашања, а до тогаш комуникацијата одеше преку мене)

Прашање број 11

Одговорете госпоѓо Русковска дали сте ја прочитале комуникацијата помеѓу Зоран Заев, покојниот Жарко Луковски и Драги Рашковски и нивното договарање на мулти милионски проекти со мулти милионски провизии??? Дотолку повеќе што покојниот Луковски се ми испраќаше на мене бидејќи јас лично го споив со Заев и тоа добро го знаете, но молчите. И ова го има во мојот телефон на WHAT’S APP апликацијата.

Прашање број 12

Дали сте ја прочитале мојата комуникација со обвинител Наум Пановски кој беше ваш заменик? Дали поради навредливите зборови кој тој ги упатува на ваша адреса во комуникацијата со мене нарекувајќи ве пијаница и к..ва, ме обвинивте мене без докази поради одмаздољубие и омраза? Дали прочитавте што ми испраќаше обвинителот Пановски за предмети што ги водевте вие во вашето обвинителство? И на крајот, колку пари беа барани од Вера Иванова за случајот “ДИЈАМЕД”? Ајде бидете така добра па одговорете и на јавноста.

Прашање број 13.
Дали ќе имате доблест да признаете дека сте имале комуникација со мене, комуникација што телефонска, што по пораки на WHAT’S APP каде ми баравте телевизиски екипи, ми кажувавте за апсења и однапред ми кажувавте за судски пресуди?

На крајот, во ова отворено писмо ви оставам простор и време да одговорите, иако знам дека повторно ќе лажете и манипулирате, но обвинителке пред фактите и Боговите молчат, дотолку повеќе што секое мое прашање во ова отворено писмо е поставено врз основа на факти кои се во мојот телефон. Јас не шпекулирам, како што тоа го чините вие, како што повеќе од две години ја замајувате и стручната и општата јавност за тоа каде завршиле фамозните пари од Камчев без да имате јасен одговор каков што доликува на прв обвинител за организиран криминал и корупција!!! Точно знаете дека мене ме урнисавте со лаги и конструкции за да покриете туѓи криминали и нечисти задници, точно знаете дека јас сум осуден јевин без доказ и показ за сторено кривично дело. Обвинителке, имам и уште прашања но и многу одговори, ќе дојде време. Сега јавете се на неколкумина ваши омилени новинари и кажете им да ме оцрнат и девалвираат, а вас да ве перат, бидејќи вие тоа одлично го правите!

Инаку “Вилмич” (нели така сум ви се обраќал) јас сум добро, во затвор сум, се држам и ако даде Господ, ќе дојдете и Вие еден светол ден, па ќе си ги замениме местата!!! Инаку да, за брзо, ќе се видиме на суд за клеветите кои ми ги нанесовте во емисијата на Ефтов, сам ќе ве тужам без адвокат, чисто да знаете, бидејќи нема да се извините јавно согласно Закон, ќе ве гонам со цело срце сам!!!

Предметот “РЕКЕТ” не е завршен, тек започнува…во име на правдата и правната држава!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...