33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗапленетиот автобус бил стар 25 години, но во документите бил помлад- возачот...

Запленетиот автобус бил стар 25 години, но во документите бил помлад- возачот немал ни сертификат, а жртва во негова сообраќајка тврди-имаше забрана за возење !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако вчера МВР соопшти дека запленила автобус на скопска фирма поради фалсификувани податоци со регистрацијата и бројот на шасија, се јави и жртва на сообраќајна несреќа во Турција која останала без нозе во автобус на истата фирма кој бил управуван од истиот возач. Несреќата се случила во летото 2016-та,додека возачот бил приведен и прогласен за виновен затоа што од невнимание се забил во камион полн со јаглен.

<

Снежана Караџовска на својот ФБ профил прашува има ли правда и напиша:

-Тоа е таа фирма „Бога транспорт“ со која патував пред 5 години од Истанбул за Скопје. Во таа сообраќајка ги загубив двете нозе над колена, еден патник почина, а неколку патници беа потешко и полесно повредени. Шоферот Зоран Момировски е сопруг на сопственичката на фирмата за транспорт. Имаше забрана за возење и условна казна, но постојано возеше на иста релација.

Од МВР не споделија дали се проверени наводите на Караџовска.

Но од досега што е проверено, утврдено е дека во сообраќајната дозвола за вчера запленетиот автобус имало еден број на шасија, додека во реалноста шасијата имала друг број. Според информациите на Телма автобусот бил произведен 1996-та година, но во сообраќајната дозвола стоело дека е од 2000-та година.

Како и каде е направен овој фалсификат засега нема објаснување. Но со таква сообраќајна дозвола, автобусот марка Сетра на фирмата заедно со уште 4 други автобуси добил лиценца за меѓунарден превоз на патници. Фирмата Бога добила лиценца до 2024-та година, а конкретниот автобус иако имал лажни податоци во сообраќајната дозвола добил извод од важечка лиценца.

Во транспорт и тамошниот инспекторат провериле и утврдиле дека возачот Момировски немал сертификат за компетентност во меѓународен сообраќај односно му бил истечен во февруари оваа година и оттогаш го возел автобусот со истечен сертификат. Досега не е соопштено колку пати со таков сертификат ја минал границата.

Во архивата на судски пресуди стои казна и за фирмата Бога транспорт и за возачот Зоран Момировски кои добиле парични казни од 500 односно 100 евра за непочитување на законот за безбедност во сообраќајот. Пресудата е од 2013-та година.

Казната била изречена за прекршок поврзан со непочитување на обврската за задолжителни здравствени прегледи на возачите на автобус.

Автобусот беше запленет вчера кај Миладиновци, а МВР соопшти дека се движел за Истанбул но со фалсификувани податоци.

Миомир Серафиновиќ Телма.Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...