31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонија"Косовo ќе спасува Македонија од енергетска криза- Ќе ни продаде три милиони...

“Косовo ќе спасува Македонија од енергетска криза- Ќе ни продаде три милиони тони јаглен, објави „Газета експрес“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за економија на Косово вели дека, на политичко ниво, кај косовската страна постои готовност да ѝ се продадат три милиони тони јаглен на Македонија, објави попладнево „Газета експрес“.

<

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во писмениот одговор до порталот се вели дека барањето за купување јаглен било изнесено при последната посета на Косово на делегација на македонското Министерство за економија, предводена од министерот Крешник Бектеши.

„Северна Македонија побара да обезбеди резерви на јаглен за нејзините потреби… Министерството за економија на Република Косово прифати да отвори дебата/консултации околу модалитетите на потенцијалниот договор. Од политичкото ниво е дадена согласност и изразена добра волја компаниите да ја продлабочат соработката и техничките детали да се прецизираат во текот на преговорите“, се вели во одговорот на косовското Министертво до приштинскиот портал.

Како што беше објавено по средбата на Бектеши, на 10-ти овој месец, со неговата косовска колешка Артане Ризваноли и со директорот на Косовската енергетска корпорација, КЕК, Нагип Красниќи, двете министерства се договориле да се направи и потпише Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Косово, со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за производство струја од домашните енергетски капацитети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...