16.9 C
Ohrid
петок, август 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПротивпожарната единица на Ранковце после четири години доби телефон, од утре граѓаните...

Противпожарната единица на Ранковце после четири години доби телефон, од утре граѓаните слободно ќе може да се јават и да пријават пожар !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Телефонскиот број на Противпожарната единица од Општина Ранковце после четири години од вчера повторно е во функција, и граѓаните може да се јавуваат и да пријават пожари. Досега тоа го правеа преку приватните телефони на пожарникарите, одејќи лично во објектот или преку пријатели и Пожарната во Крива Паланка.

<

Општина Ранковце, рурална општина со 4.500 жители, е во североисточниот дел на Македонија, покрај магистралниот пат Куманово и Крива Паланка.

ТЕЛЕФОНОТ НА ПОЖАРНАТА ВО РАНКОВЦЕ ИСКЛУЧЕН ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ, ЖИТЕЛИТЕ ОДАТ ВО СТАНИЦА ДА ПРИЈАВАТ ПОЖАР
Командирот на противпожарната служба од Ранковце Раде Ивановски вели дека проблемите настанале поради „инает“ на поранешниот градоначалник Ивица Тошевски.

„Ни го исклучи телефонот, не остави без огрев, ни ги изнесе креветите за пасивен одмор, ја укина ноќната смена, останавме на минимална плата. Никако не можевме да најдеме разбирање со него. Мака мачевме околу информирањето за пожарите, не сфаќаше дека во прашање се доведува безбедноста на граѓаните и имотот на Општината“, вели Ивановски.

Тој посочува дека со доаѓањето на новиот градоначалник проблемите полека се решаваат, а противпожарната служба добила интернет и дрва за греење.

„Конечно од вчера, повторно имаме функционална телефонска линија 380-193, а градоначалникот и Општината ни обезбедија и огрев. Повторно се вратени и ноќните смени и работиме според вообичаениот распоред како и сите останати противпожарни служби. Во постапка сме и за нивелирање на платите според законските одредби и во согласност со платите на нашите колеги“, додава командирот Ивановски.

Тој вели дека во претходниот период биле оставени на минимална плата, поради што поднеле и тужби и добиле надоместок во судска постапка. Во процедура е и нова тужба за која се бара решение.

Градоначалникот Борче Спасовски вели дека се обидуваат да ги надминат наталожените проблеми од изминатиот период. Решиле некои проблеми, но главен проблем остануваат тужбените барања од пожарникарите.

„Еве, утринава пристигнаа 7 нови тужби од нив. Ова е голем товар за Општината и ограничените буџетски средства. Би сакале да наидеме на разбирање од нивна страна, да се откажат од тужбите, да видиме како да се регулираат направените трошоци и да свртиме нова страница во работењето“, вели Спасовски.

САКАМДАКАЖАМ пишуваше за проблемот со исклученитев телефони уште во декември 2017, кога тогашниот градоначалник, кој беше независен кандидат, кажа дека се доведени во тешка финансиска состојба од наследените долгови од неговиот предходник, поради што го исклучиле телефонот на пожарната. Тогаш најави дека ќе бара решение на проблемот, но 4 години не го реши.

С. НИКОЛИЌ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и...

Се поставуваат камери на автопатот Кичево – Охрид: Ќе следи казна за брзо возење

Од денес, на трасата на автопатот Кичево - Охрид, официјално се поставуваат нови камери за мерење брзина и казнување на прекршители. Камерите се поставуваат на...

Коце Трајаноски за автопатот Кичево Охрид: Ветувањата се за да се исполнат

Ветувањата се за да се исполнат❗️ А, за да ги исполниме треба да работиме со полна пареа❗️ Токму така, со полна пареа, се работи и се...

Погребан Душко Чифлиганец – илјадници луѓе дојдоа да го испратат (ВИДЕО)

Илјадници граѓани, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионер,...