11.7 C
Ohrid
недела, декември 3, 2023
ПочетнаЗабаваФановите од Македонија разочарани – Откажани се новогодишните концерти на Здравко, Цеца...

Фановите од Македонија разочарани – Откажани се новогодишните концерти на Здравко, Цеца и Дино Мерлин!

Многубројната публика од Македонија не може да дојде при себе од тоа што ни за оваа Нова година, а подготвувајќи се да замине во Котор, нема да ужива пред сè во песните на својот музички миленик Здравко Чолиќ. Сепак, короната е посилна, па здравствените власти на Црна Гора донесоа вчера дефинитивна одлука да се забранат секакви забави и концерти и на отворено, а на кои се собираат над 200-ина луѓе!

– За жал, ништо од новогодишниот концерт на Здравко Чолиќ во Котор на црногорското приморје. Тоа е нашата дефинитивна одлука, вака изјавува, се разбира, со големо разочарување и менаџерот на популарниот пејач, Драган Ѓука. А, разочарана е и многубројната публика од Македонија која се подготвуваше да замине во Котор да ужива во живо со својот музички миленик во неговите евергрин хитови: Станица Подлугови, Једна зима са Кристином, Главо луда, Живиш у облацима мала, Гори ватра, Мало појачај радио, Шљиве су родиле, Звао сам је Емили, Продужи даље…

Сепак, короната е посилна, па здравствените власти на Црна Гора донесоа одлука да се забранат секакви забави и концерти на отворено, а на кои ќе се соберат повеќе од 200-ина луѓе. На концертите на Здравко секогаш се собираат и многу, многу повеќе, и тоа најмалку по 15 илјади луѓе, со што не постои никаква можност концертот да се одржи сега за Нова година. И не е само Здравко оштетен по прашање на мрсен новогодишен хонорар (од 80 илјади евра), туку и останатите балкански пејачки ѕвезди се “во була“. И Дино Мерлин исто така го откажува настапот во Црна Гора.
За жал, не можеме ништо да смениме. Дино нема да пее во Бар, короната е посилна, здравјето е пред сè најважното нешто, соопштуваат од ПР-службата на Мерлин.
Исто така својот концерт на црногорското приморје, поточно во Тиват, го откажа и најголемата естрадна ѕвезда, Цеца Ражнатовиќ.

Имав толку голема желба да настапам во убавиот град Тиват, особено и затоа што минатата Нова година останав дома, а по сè изгледа и за оваа Нова година ќе биде иста приказна. Жално е што му се случува на светот, кој сè уште не ја доби битката со короната, кусо со тага во гласот порача Цеца, која ќе остане покуса за околу 80 илјади евра колку што требаше да заработи од новогодишниот концерт.

За повеќе детали,Тука
Пишува: Вечер

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков...

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странство

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странствоЗ.Н. (32) од Кочани пријавила исчезнување на нејзината 13 годишна ќерка. Според пријавеното,...

Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата...

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа

Македонија започнува со сериско производство на дронови, Инфомакс ексклузивно го дознава името на првиот македонски дрон!Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има...