4.4 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаПочинати сопружници извадени од реката Радика

Починати сопружници извадени од реката Радика

Две лица се извадени од водите на реката Радика, откако попладнево било пријавено дека автомобил паднал во реката. Според првичните информации, станува збор за брачен пар од селото Житинани, општина Центар Жупа.

Од СВР Тетово информираат дека попладнево околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрињски мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во Радика било забележано патничко моторно возило. Набрзо на терен излегле полициски службеници од полициското одделение Ростуше кои констатирале дека станува збор за „југо“ со дебарски регистарски ознаки и дека во нив имало две лица. По доаѓањето на противпожарната единица и првата помош од Дебар, било констатирано дека во возилото имало две починати лица..

По извршениот увид од страна на увидна екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител било констатирано дека станува збор за сопружници маж на 63 годишна возраст и жена на возраст од 60 години од селото Житинани.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Вања тврди дека не се познава ниту со Палчо, ниту со другите тројца осомничени

Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител...

Исчезнатата 22-годишна девојка се вратила во домот !!!

МВР попладнево соопшти дека се вратила дома девојката (22) која беше пријавена дека се одалечила од домот.

Од МВР демантираат: Скопјанецот не напаѓал случајни минувачи, го нападал неговиот познаник !!

ДЕМАНТ: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи -...

Се трага по 22-годишна девојка, таткото пријавил во полиција дека ја нема.

Денеска (09.12.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Т.М.(22) од Скопје. Се преземаат...