24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветВраќање на смртната казна во Русија?

Враќање на смртната казна во Русија?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Русија би можела да ја врати смртната казна, изјави шефот на Уставниот суд на земјата.

<

Станува збор за можно укинување на мораториумот на смртната казна воведен во Русија во 1997 година по влегувањето на земјата во Советот на Европа.Во книгата објавена на официјалната веб-страница на рускиот Уставен суд, Валериј Зоркин, предлага земјата да се врати на доктрината на националниот идентитет и дека уставната контрола значи дека Москва треба да донесе свои закони, a да не го презема влијанието на другите земји во Европа.

Според мислењето на Зоркин, воведувањето мораториум на смртната казна било отстапка од вредностите, што не е својствено за Русија.

„Фактот што Уставниот суд донесе одлука со која е невозможно да се изврши смртна казна во Русија, во оваа историска фаза од нејзиниот развој не ја исклучува можноста за враќање на ваквата форма на казнување“, вели Зоркин.

Русија има неограничен мораториум на примената на смртната казна, што беше предуслов за влез во Советот на Европа. Сепак, смртната казна не е формално укината. Со одлука на Уставниот суд, тоа може да се промени.
FOKUS

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....