27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаЗабава(Видео) Тепачка меѓу пратеници во парламентот- Не можеа да се договорат за...

(Видео) Тепачка меѓу пратеници во парламентот- Не можеа да се договорат за родната еднаквост

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На една од седниците во парламентот во Јордан, изби тепачка меѓу пратениците и претседателот на Собранието. Тепачката настана додека пратениците расправаа за реформите во уставот, во делот за родната еднаквост. По избивањето на тепачката, истата беше прекината.

<

Се почна со жолчната дискусија меѓу пратениците и претседателот на парламентот Абделкарим ел Дагми. Како што пренесе ATF, причината за истата бил амандманот кој се однесува на женскиот род и кој треба жените да ги додаде како државјани на Јордан во поглавјето на Уставот, со кој се гарантираат еднаквите права на сите граѓани.

Неколку пратеника на седницата се спротиставија на амандманот етикетирајќи го како бескорисен. Ел Дагми излезе од салата по скандалот, а седницата на јорданскиот парламент ќе биде продолжена денес.

За потсетување, Уставот на Јордан е усвоен во 1952 година, а сменет е дури 29 пати. Според експертите, власта на монархот е зголемена на сметка на законодавната власт. Правата на жените досега не се сменети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...