20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаНикола Груевски: Ова е веќе лудило, со цел памет мислите дека некој...

Никола Груевски: Ова е веќе лудило, со цел памет мислите дека некој ќе ви поверува дека јас сум бил нарачател за петкратно убиство?!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Иако звучи комплетно лудо и не верувам дека некој може да поверува на такво нешто, сепак со обзир дека се работи за човечки животи, сакам да ја демантирам изјавата на извесен Бедри Ајдари, како неточна и лажна, вака реагира поранешниот премиер, Никола Груевски откако вчера беше наброен како еден од „нарачателите на петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012 година“.

<

Според него, судот и во повторената постапка ги утврдил фактите и донел осудителна пресуда за сторителите.

„Очекувано е дека истите ќе се обидуваат на секаков начин да ја отфрлат одговорноста за грозоморната ликвидација, но јавноста треба да знае дека изнесените обвинувања се чиста измислица“, додава Груевски во објава на својот Фејсбук профил.

Вчера Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените во случајот „Монструм„ заедно со Идриз Синани од Меѓународното здружение за човекови права пред Основниот кривичен суд – Скопје, презентираше писмо на осудениот Фејзи Азири, во кое тој тврди дека има „нови докази“ и бара меѓународна истрага.

„Груевски го нарачал петракното убиство на 12 април 2012 година во време на празникот Велигден со цел да испровоцира меѓуетнички конфликт во државата и да го привлече вниманието на меѓународната заедница за неуспехот за членство во НАТО и ЕУ. Исто така, и за да го привлече вниманието за финансиските скандали“, вели Азири во писмото прочитано од Ајдари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...