19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПо пауза од една година, грипот повторно се врати: Децата најмногу на...

По пауза од една година, грипот повторно се врати: Децата најмногу на удар

Во Клиниката за белодробни заболувања кај децата Козле, значително паѓаат бројките на хоспитализирани деца поради компликации со ковид, но значително е зголемен бројот на амбулантски случаи, вели директорот на болницата Бесник Зекири.

По една година пауза поради пандемијата со коронавирус, поради која носењето заштитни маски беше задолжително и на отворено и во затворен простор, оваа сезона грипот потворно се врати. Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети во изјава за „Слободен печат“ вели дека значително е зголемен бројот на пациенти болни од сезонски грип.

– Во моментов значително е зголемена бројката на пациенти позитивни на сезонски грип. И покрај шпекулациите, немаме пациенти позитивни на свински грип. Во сите здравстени домови има вакцини против грип кои значително помагаат во овој период од годината, кога е актуелен сезонскиот гри. Кој сака може да се вакцинира, вели Мемети.

Дека навистина грипот е се поприсутен потврдува и претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова. Според неа, причина за зголемениот број на пациенти е топлото време некарактеристично за овој период од годината.

– Ова е период на грипови, најголемиот пик го очекуваме во февруари. Имаме повеќе пациенти со бронхити и бронхопневмонии. Не можам да кажам дали се работи за специфичен вид на грип, како свинскиот, на пример, посебно затоа што во внатрешноста на Македонија нема лаборатории кои тоа ќе го потврдат, а нема ниту услови сите пациенти да се испраќаат во Скопје за анализа. Но важно е дека сите пациенти успешно се лекуваат, вели Чолакова.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 1.148, што е 3,6 пати повеќе во споредба со истиот период од минатата сезона, а во однос на моделот од последните 10 сезони се регистрира зголемување од 16,2%.

изворhttps://www.slobodenpecat.mk/po-pauza-od-edna-godina-gripot-povtorno-se-vrati-decata-najmnogu-na-udar/

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...