23.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаРаботниците од Велес го кренаа гласот- Газдите не третираат како стока, не...

Работниците од Велес го кренаа гласот- Газдите не третираат како стока, не ни плаќаат боледување не ни даваат К-15, картичките ни ги чукаат надлежните…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Наместо на своите работни места, педестина работнички од велешката фабрика за полнење маслинки „Олив пак“ од утрово се на протест пред фабриката. Се жалат на невозможни услови во кои работат. Веќе шест години добиваат плати под законски гарантираната, а велат дека работат и за викенд и празници, кога често се жртви на мобинг од страна на претпоставените. Раскажуваат дека раководителите им се обраќаат со погрдни зборови и кога ги бараат своите права им се закануваат со откази.
„За што и да сакаме да се обратиме, не сака да не слуша. Не третира најдолно што може. Само ни мафта со раката, велејќи – губи се“, раскажува Рената Јаневска, работничка во „Олив пак“.

<

Картичките тие ни ги чукаат, не ни дозволуваат сами да го правиме тоа внатре. Не знаеме дали сме отчукани на апаратчето кое го регистрира работното време. Работиме и делници и празници“, се надоврза Сања Митевска, работничка во „Олив пак“.

Работничките се жалат и дека не им се исплаќа болегување, кое законски им следува.

„Јас бев меѓу првите кои се заразија со ковид-19. Поради тоа директорот сакаше да ме избрка од работа, но не успеа, оти матичната лекарка веќе ми беше отворила боледување. Сепак, иако таа ми рече дека законски треба да добијам цела плата, не добив ништо“, раскажа Роза Унчевска, работничка во „Олив пак“.

Сите овие прекршувања, работничките ги пријавувале во трудовиот инспекторат, но велат дека досега немало резултат.

„Често пати работиме заклучени. Сме се јавувале на трудовата инспекција во Скопје да пријавиме, им велите дека ќе ги пречекаме на патот и ќе ги донесеме да видат што се случува, но иако ни ветуваат, не доаѓаат. Сме виделе инспектори кои, кога ќе дојдат, влегуваат кај директорот и со полни торби маслинки си заминуваат“, рече Рената Јаневска, работничка во „Олив пак“.https://youtu.be/2hqVmvPMtNw?t=1

Фабриката Олив пак е странска инвестиција. Вработените раскажуваат дека работа имаат постојано, а по неколку шлепери месечно со полнети маслинки се товараат за Грција. Во кругот на фабриката и денеска камион чекаше да биде натоварен. Но, никој од раководството не се појави да даде став за барањата на вработените.

Во телефонски разговор, директорот Ивица Ангелов рече дека фабриката е во тешка финансиска состојба и дека со овој протсет вработените оделе сами против себе, оти можеле да го разлутат странскиот газада и да се замине од државата. Од друга страна, вработените не отстапуваат од барањата, да добијат К-15, кое раководството требаше да им го исплати до 31 декември.
Извор: Батали-Нет

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...