11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЧЕКАЈЌИ ГО ДЕДО МРАЗ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА...

ЧЕКАЈЌИ ГО ДЕДО МРАЗ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА…

spot_imgspot_img

Пишува М-р Слободан ТОМИЌ

Нема ништо поубаво кога уште од мали нозе живееш во филм или приказна, дека животот е убав и дека се’ ќе оди како што треба. И така, ден по ден, година по години, век.. И доаѓаш до фактот, дека сето тоа било пуста желба или сон. Годините минаа и минуваат така и оваа… Размислував како да го започнам оваа невообичаено писмо до еден мој колега, го викаат “Дедо Мраз“.

Затоа, во оваа речиси завршна измината 2021 година полна со страв, од наметнатиот вирус, за кој во првиот ден од неговото пристигнување кажав, дека е “билолошко“ чедо или ѕвер Ковид 19 на некоја лабораторија од некоја метропола која решила да врши депопулација.

Според СЗО за Ковид-19: “Се движиме кон цунами!“ Во новогодишната ноќ, ќе биде одбележана втората годишнина откако Кина го предупреди СЗО на 27 случаи на “вирусно воспаление на белите дробови“ со непознато потекло во градот Вухан. Од друга страна, пак, алapмот од Светската банка: Се зakaнува двојна рецecија, земјите остануваат без економска мунициja!

Оттогаш, според податоците на “Ројтерс“,пријавени се повеќе од 281 милиони луѓе ширум светот заразени со коронавирусот, повеќе од 5 милиони луѓе починале.

Се прашувам, “Дедо мраз“, како твој колега, во една рака како дедо, млад по години, но сепак, во исто друштво, како да им ја објаснам ситуацијата на моите внуци Кристијан и Слободан и другите кои ќе прашат што ни се случува во државата ни од искона?

По природа секогаш сум оптимист и упорен. Но, Македонија никако да ја тргнам од мисла и од душа. Останува горчината од мислите за злоделата и арамилакот на многуте политиканти, кои во изминатите 30 години ја уништија Македонија…

Како млади или мали, родителите умееле да ни дадат одговори на многу нејасни прашања или ситуации, се вели, такви биле времињата. Системот беше јасен, кој лаже, тој и краде, а кој краде тој оди во затвор! КРАЈ! EN DE! THE END! FINE!

Што ние денес имаме? Немаме одговори за нашите деца, внуци, на едноставните прашања какво е ова лудило, арамилак и предавство?

Затоа колега Дедо Мраз, ќе направам една хронологија, или сет на прашањата од сите внучиња во Македонија, независно од националната и верската определба, те молам најди начин за можни одговори и решенија…
Куќата во која сите ние живееме се именува Македонија! Некои изроди ја прекрстија со недолична географска одредница. Македонија, за среќа, се’ уште се води во катастарот на светот или светскиот Атлас, секако и во географскиот до 17 јуни 2018 Македонија! “Нашите“ пријатели, тие преку барата, и тие во центарот на европскиот центар Брисел, побараа да си го смениме името на куќата Македонија во ново име и тоа за севкупна употреба само за промена на временото обраќање пЈР Македонија во Северна Македонија, демек со тоа ќе ни се отвореле “ширум“ портите и прозорците кон светот, најпрвин во НАТО, а потоа во Европа. И би! Се случи! Црпнатиот во умот, како Нерон кој го запалил Рим, или Пиколомини кој го запалил Скопје, ја смени историјата на една држава и еден народ! Уште ни одѕвонуваат во глава зборовите на Заев: “Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи паметта дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија, тоа не може да се случи! И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред парламентот и да бара промена на Уставот заради промена на уставното име“? Кој е твојот коментар дедо Мраз?

2. Велат, политичарите сите овие 30 години, колку што е и независна Македонија, дека чесно и доследно ќе ги бранат националните интереси и вредности. 30 години никако да се заложат да донесат Резолуција за заштита на националните вредности. Дури пред речиси два месеца тоа се случи, откога се’ се уништи и распродаде како на панаѓур. Од куќата Македонија речиси ништо не остана, дури на крајот Македонците станаа кираџии во својот дом Македонија.

3. Немаме никаква казнивост по ниту еден основ! Денес да бидеш крадец или арамија е тренд. Голтари влегоа во политиката, од неа излегоа како грофови со милиони евра на разни сметки и банки низ целиот свет…. Шу праиме сега Дедо Мраз?

4. Никако да се консолидираме како народ, како мнозинско население во однос на националните вредности, кој во плоча кој во клин, а никако на вистинското место, на страната на Македонија! Секој влече на своја страна и ја води парата, богатсвата и убавините на животот на својата воденица, но не само тоа, некои пак партии во “водениците“ мелат не само жито за леб и дури “лошо брашно што е опасно по здравје и живот и мува не ги лази, ем државата ја девастираат по секоја основа и ја пљачкаат и ја уништуваат! Од друга страна, Македонија како аграрно и плодна нива или житница која произведувала и во поранешна Југославија и сега, наместо да биде држава која ќе произведува органска храна, и таа стана синоним на држава Колумбија наместо Швајцарија на Балканите, со психотропните растенија априори, на пример Канабисот! Не само тоа, Дедо Мраз, се говори дека пристигнуваат по еден тон дрога на аеродрмите, и “исчезнуваат“ во непознат птравец, критикуваат опозиционерите, а власта уво не и чуе? Како ги гледаш овие работи Дедо Мраз?

5. Кога сме кај неединството кај Македонците и меѓусебната омраза и уништување, по “логиката“ ако не си со нас тогаш си против нас, во стампедо сме до амбисот. Но, никако не се дава власта. Никако до брзи и предвремени избори и покрај се’ и после се’! Зошто страв од брзи и предвремени избори?

. Кога сме кај неединството кај Македонците и меѓусебната омраза и уништување, по “логиката“ ако не си со нас тогаш си против нас, во стампедо сме до амбисот. Но, никако не се дава власта. Никако до брзи и предвремени избори и покрај се’ и после се’! Зошто страв од брзи и предвремени избори?

6. Кoга сме сеуште во чекалната на Европската Унија, се потсетуваме, дека први потпишавме Спогодба за стабилизација и асоцијација со ЕУ, за разлика од сите поранешни југословенски републики, и први, заедно со Словенија, ги исполнивме критериумите за влез во ЕУ, според Арбитражната комисија на Бадинтер. За жал, денес не само што сме во чекалната, туку сме меѓу чеканот и наковалната. ЕУ бара да го смениме јазикот, историјата и се македонско, да “признаеме“ дека не сме Македонци, и дека постоиме од 1944 или нема влез во ЕУ!

7. Велат најлошо е кога историјата се повторува, а таа е врзана за и околу Македонија, и тоа од Балканските војни 1912-1913, од Букурешкиот договор од 10 август 1913 година и поделбата на Македонија…

Потоа повторно во Букурешт 2010, кога Македонија беше со ендата нога во НАТО или со двете, кога поранешниот американски претседател и подржувач на Македонија, Џорџ Буш помладиот соопшти, дека Македонија, заедно со Хрватска и Албанија се новите членки на НАТО или во јато во НАТО Адриатик групата. По едно деноноќие од некои центри на моќ рекоа дека Македонија нема да стане полноправна членка на НАТО, додека Хрватака и Албанија заминуваат во јатото на НАТО. Билатералното прашање за наметнатиот спор околу името со нашиот јужен сосед стана мултилатерално прашање или проблем и се знае: Конечниот епилог со Договорот од Нивице кај Преспа 2018, кога клиентелистите за свои бедни и лични интереси ја ставија Македонија на колена, а претходно, со исто така “купените“ на ајван пазар пратеници, за да го сменат Уставот, со епилог промена на името на државата Македонија! Сега слушаме лoши вести за Македонија: Остануваме сами на европскиот пат? – Рама ќе бара одвојување доколку остане бугарското вето… Што не очекува Дедо Мраз? Нов езерски договор или крај на приказната за Македонија?

Засега толку, ќе завршам со 7, седум прашања, велат дека 7-ката носи среќа, радост и успех, а има многу прашања, за тоа во некоја друга прилика…

Ете, не би сакал уште да ве заморувам со нашите маки и секако мојата мака: Како до вистинските одговори за внучињата мои и сите други внучиња кои живеат и растат во оваа напатена држава на брдовитиот ни Балкан – Македонија!

Ти посакаувам долг и среќен живот и долго да ни живееш, Македонијо, оти ти си надежта не само за децата, туку и за нас возрасните деца, за сите живи кои од деца не пораснале повеќе. Срдечно и среќни Новогодишни и Божикни празници!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...