4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЕРУСАЛИМ – СВЕТИОТ ГРАД СО ТРИ РЕЛИГИИ..

ЕРУСАЛИМ – СВЕТИОТ ГРАД СО ТРИ РЕЛИГИИ..

spot_img

ЕРУСАЛИМ – ГРАД СТАР ПОВЕЌЕ ИЛЈАДНИЦИ ГОДИНИ ЗА ЧИЈА ИСТОРИЈА ГОВОРИ ШЕПОТОТ НА ВЕТРОВИТЕ ШТО СЕ ЛИЗГААТ НАД СТАРИТЕ ЅИДИНИ, НАЈСВЕТИОТ ГРАД ВО ЈУДАИЗМОТ И РЕЛИГИОЗЕН ДУХОВЕН ЦЕНТАР НА ЕВРЕЈСКИОТ НАРОД, ГРАД ВО КОЈ СЕ НАОЃААТ НАЈЗНАЧАЈНИТЕ СВЕТИ ХРИСТИЈАНСКИ МЕСТА, А ЗА МУСЛИМАНИТЕ – ТРЕТИОТ СВЕТ ГРАД.

 

Постојат дестинации во светот кои се вистинска Мека за туристите и љубителите на авантури. Има градови кои како да ги повикуваат сите оние што сакаат да ја „почувствуваат“ историјата, да видат значајни делови од развојот и културата на човештвото. Ерусалим е еден од таквите необични градови. Во него живеат луѓе од сите поголе- ми светски религии и сите мислат дека имаат подеднакви права на него. Повеќевековните религиозни и политички конфронтации, сепак, не доведоа до превласт на ниедна од нив. Иако Ерусалим е небезбедното место за посета, тој е голема, интересна и возбудлива туристичка дестинација. Многу луѓе насекаде од светот, особе- но оние со силно религиозно чувство, барем еднаш во животот доаѓаат во Ерусалим да ги посетат светите места и со тоа да станат аџии.

Главниот град на Изреал е најголемиот град во земјата, како според бројот на жителите, така и според површината. Според географската положба, тој се протега на висорамнините на Јудејските Планини и меѓу Средоземното Море и Мртвото Море на југ. Денес Ерусалим е модерен град кој одамна ги надминува границите на стариот град. Ерусалим се споменува во четвртиот милениум пред нашата ера, е еден од најстарите градови во светот.

ПОВЕЌЕВЕКОВНА ИСТОРИЈА

Во стариот град се сместени локалитети коишто се значајни за сите три религии, како што се Ридот на хра- мовите, Западниот ѕид (или Ѕидот на плачот), црквата на Светиот гроб, како и Златната купола (или Куполата на каменот), како и импозантната џамија – Ал Акса. Овој дел од Ерусалим омеѓен со камени ѕидови е заштитен од УНЕСКО како светско културно на- следство. Навремето бил поделен на четири дела: ерменски, христијански, еврејски и муслимански. Градот е поделен на источен и западен дел со тоа што источната територија е присвоена од израелските власти. Ваквиот потег беше осуден од Обединетите Нации и како резлутат на тоа, повеќе амбасади во 1980 година се повлекоа од градот.

Според староеврејските списи, со Јудејското кралство владеел кралот Давид сè до 970 година пред нашата ера. Давид го наследил неговиот син Соломон, кој го изградил Светиот храм на планината Морија. Соломоновиот храм е познат и како Првиот храм. Се смета за особено свето место бидејќи во него се чувал табернакулот или ковчегот во кој биле сместени светите таблички на кои Мојсеј со помош на Божја рака ги пишувал десетте заповеди. Се верува дека Ѕидот на плачот е западниот ѕид токму на овој храм. По 450 години мирен живот на Евреите, дошле Вавилонците и го уништиле храмот.

По 50 години, персискиот крал Ксеркс Велики им дозволил на Евреите повторно да го изградат храмот, со што почнува периодот на таканареченото Второ кралство. Кога за време на походот на Александар Македонски биле покорени Персија и Вавилон, паѓа и Ерусалим и Јудејското кралство. Подоцна Ерусалим го освоиле Римјаните. Тогаш се јавуваат и првите христијански елементи во ерусалимската приказна. Пет века градот е под римско, а потоа и под византиско владеење.

Во четвртиот век пред нашата вера, византискиот император Константин изградил неколку цркви и храмови меѓу кои и црквата на Светиот гроб. Тогаш градот имал околу 200.000 жители и за тоа време изгледал монументално. Од римско време, па сè до седмиот век, Евреите биле протерувани од градот. По Византијците, со Ерусалим раководи арапскиот калифат, кој парадоксално, му дозволува на домородното население да се врати во градот. Оттогаш потекнува и џамијата на Златната купола, изградена да им се придружи на величествените христијански и еврејски градби. Калифот обзнанил наредба со која е заштитено еврејското население, како и христијанското, со тоа што тие ќе мо- жат слободно да ги практикуваат своите религиозни ритуали. Во следните четири века, важноста на Ерусалим ќе почне постепено да опаѓа.

Историјата на градот не завршува тука и станува крвава со доаѓањето на крстоносците, кога во период од неколку века градот бил пљачкосуван, а населението тероризирано, под изговор дека се ослободува Светиот гроб од неверниците. Ова е хаотичен период низ кој поминува Ерусалим. За превласт се бореле европските кралеви од Германија, Англија, Франција и Италија, арапските калифати, Византијците, а градот бил под закана и од Монголите и Турците-мамлуци. За сè да биде уште потрагично, неколку силни земјотреси го погодуваат Ерусалим, а во неколку наврати и црната чума. Додека се присутни Турците во Ерусалим, до 1917 година, градот има ранг на провинциска паланка. Британците управуваат со Ерусалим сè до 1948 година. Во целиот период меѓуетничките односи перманентно се заоструваат. Потоа почнува војна чиј исход бил преселување и менување територии меѓу муслиманското, христијанското и еврејското население. Ерусалим е поделен на источен и западен, а границата и денес е означена со бодликава жица и високи бетонски ѕидови. Еврејските населеници освоиле неколку историски локалитети и на конфискувана земја од Арапите граделе населби за да го прошират присуството и во источниот дел од градот. Од друга страна, истакнати муслимански водачи јавно изјавиле дека Евреите немаат никаква историска врска со Ерусалим. Тие полагаат право дури и на Западниот ѕид, за кој веруваат дека е некогашна џамија. Муслиманите полагаат право и на Источен Ерусалим и го сметаат за главен град на нивната идна држава.

 

СВЕТИОТ ГРАД

Ерусалим и денес игра важна улога во религиозниот живот на голем број верници од разни вероисповеди. Според пописот на недвижности извршен во 2000 година, во Ерусалим има 1204 синагоги, 150 цркви и 73 џамии. Во Библијата, градот е споменат дури 632 пати. Интересно е што сите синагоги во светот се ориентирани кон Западниот ѕид. Кога Евреите се молат, секогаш се свртени во тој правец. Многумина од нив во своите домови употребуваат ѕидни плочки што ги симболизираат Мојсиевите таблички за кои се смета дека носат бериќет. Во Новиот Завет, исто така, се споменува градот, но во контекст на животот на Исус. Тој бил донесен во Ерусалим набргу по раѓањето. На ридот Зион се наоѓа гробот на кралот Давид, а во истата градба, само над гробот, се наоѓа горната соба, просторијата во која била последната вечера на Исус и неговите следбеници.

Уште еден христијански локалитет има карактер на свето место, а станува збор за височинката „Голгота“, местото до каде што Исус го носел крстот и на кој бил распнат. Се верува дека Голготата се наоѓа веднаш до црквата на Светиот гроб, изградена над пештерата во која било погребано телото на Исус и од каде што воскреснал.

За муслиманите, според верувањето, Ерусалим е третиот по важност религиозен центар, по Мека и Медина, зашто според нивното верување, Мухамед за една ноќ бил пренесен од Мека до Ридот на храмовите од каде што се кренал на небото за да ги сретне претходните пророци на исламот. Денес на ридот се наоѓаат две исламски обележја посветени на овој настан, џамијата Ал Акса и Златната купола која е изградена над Каменот на основата каде што Мухамед стоел пред да оди на небото. Овој камен е познат и како Прободениот камен поради дупката која се наоѓа на него и која води кон подземна пештера или Бунарот на душите. Тоа е најсветото место и во јудаизмот и во исламот.

Меѓу спомениците во Ерусалим е гробот на Давид, на пророкот Захарие, семејната гробница на кралот Херод, како и гробот на Марија. Мајката на Исус е погребана во долината Кидрон во подножјето на Ридот на маслинките. Повеќето православни христијани веруваат дека таа починала токму на тоа место, а по смртта се вознела на небото кај својот син. Синагогата Хурва се наоѓа во еврејската четврт во стариот град и со векови била главната синагога на Евреите – Ашкенази. Таа постои уште од 13. век, а се претпоставува дека е изградена на темелите на уште постара синагога.

Ерусалим е град во кој има многу музеи кои потсетуваат на богатото културно минато. Само Израелскиот музеј годишно привлекува повеќе од еден милион туристи. Тој се протега на површина од 20 акри и е комплекс кој се состои од неколку згради во кои се наоѓаат примероци од јудејската уметност, археолошки артефакти, како и предмети од европската уметност. Интересен е и музејот Свитоците од Мртвото Море кој, исто така, е дел од комплексот. Во него се наоѓаат свитоци од пергамент на кои се запишани текстовите од Тората, толкувани на христијански начин, или првата варијанта на Библијата на христијанскиот свет.

Детското крило од музејот е домаќин на детски изложби, каде што се одржуваат работилници и се нудат разновидни новидни образовни и уметнички програми. Годишно го посетуваат 100.000 дечиња од целиот свет. Музејот на Рокфелер, изграден во 1936 година за време на британскиот мандат врз градот, е првиот археолошки музеј на Блискиот Исток. Јад Вашем е израелскиот национален споменик посветен на жртвите на холокаустот. Во него е сместена најголемата библиотека посветена на информации и документи поврзани со холокаустот со 400.000 книги и статии. Исламскиот музеј на Ридот на храмовите е основан во 1923 година, има голем број артефакти, од ретки ракописи до џиновски столбови од некогашните храмови.

Ерусалим е неисцрпен извор за сите посетители. Градот изобилува со други знаменитости значајни за претставниците на трите големи религии. Но, не само тоа, постојат различни забавни објекти во градот. Постојат Зоолошката градина, единствени пазари, ресторани, музеи и многу повеќе. Ерусалим е град во кој никогаш не е здодевно и во кое нешто секогаш се случува.

Посетителите мора да бидат свесни за културните разлики што ќе ги сретнат, како и многу деликатни ситуации што овој град го прави да се подели. Токму затоа, Ерусалим е град кој го познава целото човештво. Тоа е причината поради која со векови Ерусалим е посакуваната дестинација.

 

Редакција „АМСМ Клуб Мобилити“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...