16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаВчера во Скопје, по кратко боледување, на 68 годишна возраст почина проф....

Вчера во Скопје, по кратко боледување, на 68 годишна возраст почина проф. Благоја Јанаков.

Вчера во Скопје, по кратко боледување, на 68 годишна возраст почина проф. Благоја Јанаков. Проф. Јанаков е роден 1953 г.

Основно образование и гимназија завршил во Велес. Студирал психологија во Белград каде го оформил своето високо образование на сите три циклуси. Дипломирал во 1977 година, а магистрирал во 1986 година. На Филозофскиот факултет во Скопје се вработил во 1989 година во звањето асистент. По докторирањето на Универзитетот во Белград во 1991 година, избран е за доцент за предметот Психологија на личност при Институтот за психологија, на Филозофскиот факултет во Скопје. Четири години подоцна избран е во звањето вонреден професор. Во звањето редовен професор прв пат е избран во 2001 година, а потоа реизбран во 2006 година. Предавал на Природно-математичкиот факултет, Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. На додипломските студии ги предавал предметите Личност, Теории за личноста и Психологија на личен развој. На последипломските студии предавал околу 25 години претежно предмети од областите на Психологија на личноста, Психолошко советување и психотерапија. Воедно, иницирал создавање насока Личност и советување, ја организирал наставата на насоката и ги предавал поголемиот дел од предметите. Предавал и на докторските студии. Повеќе од 15 години водел едукативни групи за личен развој и интегративна психотерапија. Активно учествувал во голем број домашни, регионални и меѓународни научни и стручни собири. Течно зборувал руски, англиски и неколку јужнословенски јазици. Вонакадемски се едуцирал за личен развој и психотерапија. Учествувал во бројни работилници, едукативни групи и семинари. Завршил и четиригодишна едукација по гешталт терапија. Проф. Јанаков професионално членувал во Друштво на психолози на Србија, Сојуз на друштва на психолози на Југославија, Европска асоцијација за психологија на личност, Американска психолошка асоцијација, Европска асоцијација за психотерапија и др.

Проф. Јанаков во текот на својот работен век оствари голем научен опус преточен во учебници, книги, статии и прирачници. Сепак, најмногу ќе остане запаметен меѓу колегите и студентите како професор кој држеше предавања од кои многу можеше да се научи, бидејќи освен теоретско знаење имаше и големо практично искуство кое несебично го споделуваше. Како човек секогаш слушаше внимателно, трпеливо и смирено, а љубовта кон психологијата активно ја покажуваше постојано залагајќи се за нејзина афирмација во земјава и надвор. Зад себе остави силен печат кај многу генерации психолози кои учеа од него и со тоа засекогаш го обезбеди своето место во вечноста на нашето високо образование и на психологијата како професија.

Нека му е вечна слава!

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...