17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаЗабаваГо истетовирал на раката ликот на Јелена Карлеуша, а во иднина сака...

Го истетовирал на раката ликот на Јелена Карлеуша, а во иднина сака да си фати девојка што ќе личи на нејзе !!

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша има илјадници обожаватели, но Ненад Младеновиќ (25) од Осниќ кај Бољевац е веројатно нејзиниот најголем фан.

Тој има истетовирана слика со ликот на Карлеуша на подлактицата, а исто така ги истетовирал и нејзините стихови: „И не е важно што велат луѓето, туку што чувствувам во себе“.

Во неговата соба има постер на својата хероина на целиот ѕид, а ужива и да прави заштитни маски за мобилни телефони со ликот на неговиот пејачки идол.

„Таа е уникатна, неповторлива, светска sвезда во вистинска смисла на зборот. Нејзиниот лик, борбениот дух, чесноста се она што ме фасцинира. Јас тетоважата ја направив во ноември минатата година. Повеќето мои пријатели ме поддржуваа, некои не, но секој си има свој живот. Секогаш кога ми е тешко, кога скоро ќе паднам на дното, се сеќавам дека носам портрет на хероина. Таа е моја инспирација, идол. Уште кога прв пат ја слушнав, уште од првата година од средното училиште, ја почитувам и ценам како Јелена, како најголемо нешто што може да постои кај една личност“ – вели Ненад, кој работи како медицински техничар во Специјалната болница за рехабилитација „Гамзиград“.

Тој вели дека сите нејзини песни се врвни, неповторливи, но сепак ја издвојува „Кој ја режира оваа драма“, затоа што вели дека песната како да е негова, биографска. Сите негови плејлисти се составени само од нејзините песни. Што се однесува до нејзиниот физички изглед, нему кај Карлеуша најмногу му се допаѓаат очите и косата.

„Не сме се сретнале, но се надевам дека ќе успам да ја запознаам. Желба ми е да го истетовирам нејзиниот автограм. Ја слушав во живо во Зајечар и Неготин. Харизматична, силна, со уникатен стил, единствена личност на нашата естрадна сцена. Таа е лавица и во хороскоп и во животот. Самиот чин на тетовирање траеше цели седум часа и никогаш во животот нема да жалам за мојата тетоважа“ – вели Ненад.

Тој додава дека би сакал да најде девојка која би ја имала душа и карактер, па ако може и да наликува на Јелена Карлеуша.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...