10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарска невладина организација донираше возило за „Бугарите“ во Пустец, Албанија

Бугарска невладина организација донираше возило за „Бугарите“ во Пустец, Албанија

Бугарска меморија е името на невладината организација која во Албанија, за Општината Пустец, каде што живеат само Македонци, донираше санитетско возило. Ова е дел од официјалната државна политика на Бугарија за притисок на Албанија за признавање на наводното бугарско малцинство во таа држава. Истовремено, и новиот бугарски премиер Кирил Петков официјално изјавува дека на територијата на Бугарија нема македонско малицнство и дека за тоа прашање нема да има никаква дискусија.

На оваа засилена бугарска акција реагираше партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) која најостро ги осуди најновите провокации и лаги на бугарската амбасада во Тирана која тврди дека децата од областа Корча го прославија „Божик на бугарски” и дека амбасадата на сите деца од градинка до 12 одделение во општина Пустец им поделија божикни и новогодишни подароци. Ниту имаше подароци, ниту има Бугари во Албанија, реагира МАЕИ и наведува дека и натаму Бугарија на „живковистички начин“ се обидува да асимилира Македонци.


Македонска алијанса за европска интеграција овие објави на бугарската амбасада во Тирана ги смета за провокации.

Од партијата информираа дека во заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓеорѓиевски” во Пустец никој не донирал пакетчиња за децата.
За повеќе детали,Тука Mkd.Mk

Бугарската амбасада во Тирана во соопштението не го споменува името на заедничкото основно и средно училиште ‘Митре Колефски и Трајан Ѓеорѓиофски’ во Пустец затоа што знае дека херојот Трајан Ѓеорѓиофски од Пустец, по кого денес го носи името училиште во Пустец, во 1942 година се приклучува на македонските партизани и загинува во 1944 година за слободата на Македонија во борба против бугарскиот фашистички окупатор на Македонија. Во училиштата во општина Пустец, 77 години непрекинато се изучува мајчиниот македонски јазик!“, реагираше МАЕИ.

Бугарија води агресивна политика со обид за асимилација на Македонците во Албанија и таа е проследена со молк од Албанија, а во повеќе наврати и со нејзина помош, со цел Тирана да не биде попречена од страна на Бугарија за почеток на преговори за членство во ЕУ, изјави неодамна лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стeрјовски.

Гостувајќи во емисијата „Конак“ на телевизија СОТ7, Стерјовски зборуваше токму за „напорите на Бугарија за асимилирање на Македонците во Албанија“, објави МИА. Посочи дека така било и со признавањето на непостоечкото бугарско малцинство во 2017 година, без исполнување на ниту еден критериум за постоење на едно малцинство, кога „Албанија во последен момент потклекна пред заканите на Бугарија со вето за започнување на преговорите за членство во ЕУ“.

„Според сите пописи спроведени во Албанија од создавањето на албанската држава до последниот попис, немаме ниту една личност, ниту еден изјаснет како Бугарин во регистрите на албанската држава. Во областа Преспа во 2011 година кога беше спроведен пописот и во селото Врбник во Деволската област, 100 проценти сите се изјаснети за Македонци. Немаме ниту еден Бугарин. Бугарска заедница во Албанија значи проект на Голема Бугарија. Проблемот е повеќе поврзан со Македонија. Бугарија не ја признава македонската нација. Секаде каде што има Македонци, таа тврди дека се Бугари, и сега ја шири својата пропаганда во областите каде што живее македонското малцинство, во областа Гора, Голо Брдо, во областа Пустец, во Врбник“, вели Стерјовски.

Македонската заедница во Албанија, нагласува, нема никаква врска со Бугарија во однос на јазикот, традициите, обичаите и песните.

„Таа е компактна и е на граница со Македонија, не е на граница со Софија и нема никаква врска. Ако го погледнете фолклорот, песните, имате многу песни од времето на османлискиот период што ги пееме за ослободувањето на Македонија, нема ниту една песна за Бугарија“, нагласи Стерјовски.

Прашањето со бугарските пасоши, како што изјавил, е профитабилен бизнис кој е проширен не само во областите каде живеат Македонци, туку и во други градови во Албанија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...