17 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeСветГејтс: „Кога омикрон еднаш ќе помине низ земјата, во останатиот дел од...

Гејтс: „Кога омикрон еднаш ќе помине низ земјата, во останатиот дел од годината треба да има помалку случаи на зараза“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бил Гејтс, мултимилијардерот и основач на „Мајкрософт“, на својот официјален профил на Твитер ѝ одговорил на претседателката на глобално здравје на Универзитетот во Единбург – Деви Сридхар, на прашањето како и кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот.

<

„Како што земјите ќе ги доживуваат своите бранови на омикрон сојот, нивните здравствени системи ќе бидат пред нов предизвик. Поголем дел од тешките случаи ќе бидат невакцинираните луѓе. Кога омикрон еднаш ќе помине низ земјата, тогаш во останатиот дел од годината би требало да има многу помалку случаи, така што Ковид-19 би можел повеќе да се третира како сезонски грип“, напишал Гејтс.

Изјавата на Гејтс потсетува на изјавата на д-р Ентони Фаучи, врвниот американски експерт за заразни болести, кој оваа седмица изјавил дека омикрон сојот на коронавирусот „ќе го стигне речиси секој“.

Меѓу природниот имунитет кој се создава од заразата и прележување на Ковид-19 и многу високата стапка на вакцинирани и сите достапни лекови за лекување на најтешките случаи на Ковид-19, САД можеби е на раб на преминување од пандемија во ендемија.

„Можеби сега сме на прагот на тоа. Можно е“, изјави д-р Фаучи.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...