14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарија задутре целосно ги затвора границите и за македонските државјани.

Бугарија задутре целосно ги затвора границите и за македонските државјани.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарија задутре целосно ги затвора границите и за македонските државјани.

<

Одлуката е донесена поради влошената епидемиолошка ситуација во Бугарија и во Европа. Се работи за забрана за влез за сите таканаречени не-есенцијални патувања, а исклучок ќе има за медицинските лица, хуманитарните работници, студентите, лицата со регулиран престој, делегациите.

Македонското Министерство за надворешни работи објави дека е во постојана комуникација со надлежни институции во Бугарија и колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.

Министерството ги предупреди граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи, со цел да не се доведат во ситуација да бидат вратени од страна на пограничните власти во Бугарија.

„Информираме дека до стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод, и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените не-есенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест, и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Во било кој случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети, и тие исто така ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува 10 дневен карантин“, информираат од МНР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...