20.5 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР пронајде 9 рибарски мрежи во Охридското Езеро со должина од околу...

МВР пронајде 9 рибарски мрежи во Охридското Езеро со должина од околу 50 метри.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На потегот од населба Лагадин до село Пештани и наспроти автокампот „Градиште“ биле пронајдени девет рибарски мрежи со должина од околу 50 метри, информираат од Министерството за внатрешни работи.

<

Мрежите биле пронајдени ноќта помеѓу 17 и 18 јануари од 19 до 2 часот по полноќ од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие и водостопанство.

На потегот од населба Лагадин до село Пештани, на околу 100 метри од брегот на езерото пронашле осум рибарски мрежи со должина од околу 50 метри, со улов од 82 парчиња риба. Исто така, наспроти автокампот „Градиште“, на околу 100 метри од брегот на езерото, била пронајдена една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри, стои во соопштението од МВР.

Од МВР велат дека риболовниот алат со уловот е подигнат и донесен во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...