26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаЗабаваСвојата мрзеливост ја претворил во бизнис: Сега му плаќаат да не работи...

Својата мрзеливост ја претворил во бизнис: Сега му плаќаат да не работи нишо, па се жали дека е многу уморен и од таа работа !! (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јапонецот Шоџи Моримото веќе три години живее од тоа што луѓето го изнајмуваат да не прави ништо.

<

За Си-би-ес изјави дека неговото семејство и колегите цел живот му велеле дека е мрзлив, дека не се живее така и дека нема да постигне ништо во животот, но тој не се грижи за тие коментари.

Уште во 2018 година имал идеја да не прави ништо и да го претвори тоа во професија. Ги понудил своите услуги онлајн и луѓето почнале да го бараат.

– На интернет напишав дека не чистам, не разговарам, едноставно седам. И луѓето почнаа да ми се јавуваат – вели Јапонецот Шоџи.

– Моите услуги ги користат луѓе што се плашат сами да одат во продавница, луѓе што се срамат да се појават некаде без придружба, луѓе што сакаат само да седнат со некого на пијачка. Многу сум зафатен, имам три термини дневно – вели тој.

Открива дека секоја недела седнува на кафе со девојка и тоа е тоа.

– Не разговараме. Само седиме и тоа ѝ е доволно – вели Шоџи.

Поради неговата „неработа“, стана многу популарен во Јапонија, а своите услуги ги наплаќа околу 100 долари од состанок.

Имал понуди за работа и да чисти во домови, да биде пријател или да пере алишта, но тој ги одбил сите понуди бидејќи не сакал да работи. Но, многупати стоел на студот за да биде публика на уличен музичар, ѝ правел друштво на личност која не сакала сама да оди на пазарење и поминал родендени со луѓе кои не сакале да бидат сами.

Шоџи има напишано четири книги, а кога не пишува, времето го поминува со непознати. Една вечер излегол со 44-годишната Тамами Мијазаки.

– Кога излегувате со пријатели, важно е дали им се допаѓа кафулето на пријателите. Но, кога изнајмувате друштво, не е важно. Има помалку драма отколку излегувањето со пријателите – вели Тамами, а Шоџи додава дека ништо не е позабавно отколку да не правиш ништо.


Факултети.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...