20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците во Албанија го одбележаа Православниот празник Богојавлние – Водици

Македонците во Албанија го одбележаа Православниот празник Богојавлние – Водици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Православниот празник Богојавлние – Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

<

Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и после литургиите што ги одржаа свештенците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрла крст во сите девет села.

Со своите сограѓани во Пустец, беше градоначалникот на истомената општин, Пали Колефски, како на богослужбата во црквата „Архангел Михалил“ така и при свечениот чин на фрлањето на крстот.

Најсереќен во Пустец беше Цветан Вангелофски. Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосотојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Цветан, кој од општината ќе добие награда во износ од 5.000 леки (над 40 евра), рече Колефски.

Честитка по повод овој голем празник, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и каде и да се во светот, во свое и во име на македонската партија, Македонска алијанса за европска интергација, МАЕИ, упати партискиот лидер Васил Стерјовски. Празникот го честиташе и македонското друштво “Илинден“ и огранокот за Голо Брдо.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...