15.5 C
Ohrid
понеделник, октомври 14, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Сарај се троши најмногу вода, а наплатата е исклучително ниска.

Во Сарај се троши најмногу вода, а наплатата е исклучително ниска.

Од изворот Рашче целиот град се снабдува со вода за пиење а се наоѓа на територија на општина Сарај во која се троши 15 проценти од водата од тој извор. А токму тука наплатата е исклучително ниска. Водата е ресурс што не смееме да го потцениме, бидејќи во иднина ќе се соочиме со проблеми доколку не ја подигнеме свеста за нејзиното рационално користење, а исто така и за наплатата, изјави Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје на седница на Советот на Град Скопје.

Перински пред советниците на Град Скопје ја најави инвестициската програма со која се предвидени средства за реконструкција и одржување на водоводната и канализационата мрежа

„Во периодот што следува, заедно со општините и Град Скопје ќе направиме план на приоритети, врз основа на кој ќе делуваме заедно со локалните самоуправи со цел што е можно повеќе да ја унапредиме оваа мрежа“, посочи Перински на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Мкд.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По 25 години во Сител, Ивона Талевска почнува со работа во Алфа Тв.

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител. „Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со...

Касами бара парите да бидат на албански јазик.

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка,...

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...