5.9 C
Ohrid
понеделник, февруари 10, 2025
ПочетнаМакедонијаГрција купи борбени авиони „Рафал“, кои ќе го штитат и македонското небо.

Грција купи борбени авиони „Рафал“, кои ќе го штитат и македонското небо.

spot_img

Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор го заштитуваат авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Северна Македонија во рамки на договорот Грција да го надгледува воздушниот простор, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Контра“, јави дописничката на МИА од Атина.

<

Говорејќи за Договорот од Преспа и односите со Северна Македонија, упати критики до актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис за неговата позиција пред да дојде на власт, дека се обидел да го „злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин“ и дека станува збор за обид за „екстремна политичка измама“.


Мислам дека целиот грчки народ има сфатено, а во многу голема мера и луѓето кои на претходните избори гласаа за Нова демократија, дека случајот со несогласувањата, со отпорот на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа беше обид да се злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин кој, во секој случај, има загриженост и чувствителност за националните прашања и беше обид за политичка измама. Екстремна политичка измама, истакна Ципрас.

Додаде дека тоа што Мицотакис „зазеде неприфатлив и инструментализирачки став за едно многу критично национално прашање за да стане премиер е регистрирано во грчкото општество, во грчката историја и во свеста на граѓаните“, но и истакна дека она што сега е важно е дали земјата требаше да го склучи овој договор или не.

Повторно ја спомена Турција, за која рече дека има можност да продира на Балканот.

-Да имавме и на нашата граница со Северна Македонија, една Турција каква што имаме во Либија ќе беше нешто позитивно за земјата? Или опасно и штетно? Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор е заштитен со авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Северна Македонија. Во рамки на нашите сојузништва, Грција е таа која го презеде надзорот на воздушниот простор на Северна Македонија, ние го потпишавме тоа, истакна лидерот на СИРИЗА во интервјуто и ги повика просечниот грчки граѓанин и сите „суперпатриоти“ што излегуваа на протестите да го земат ова предвид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мвр на терен: Го претепале па му ги одзеле патиките и јакната !!

Денеска во СВР Скопје, 54-годишната Љ.П. пријавила дека нејзиниот малолетен син бил ограбен од непознати лица во периодот од 01.30 до 04.20 часот откако...

Николовски: Во Скопје, Охрид и Битола ќе градиме 4 згради со цел да ја симнеме цената за M2.

Во Скопје ќе се градат 4 комерцијални згради, во Охрид и Штип по една. Во Битола од понеделник започнуваме со продажба на државни комерцијални...

Родителите на штипјанката Емилија: Кога ќе излезе ќерка ми од гроб, тогаш убиецот нека излезе од затвор

Еден наркоман и коцкар ми го уби детето! Беше пријавуван за насилство и порано, ја тепаше, ја малтретираше, ја пречекуваше пред суд, за да...

Денес ќе биде осуден убиецот на Емилија Пешева.

Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната Емилија Пешева. Според истрагата на...