9.6 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаУметник без диплома: Нада Сарагинова од Велес на 52 години почнала да...

Уметник без диплома: Нада Сарагинова од Велес на 52 години почнала да везе со срмен конец

spot_imgspot_img

Нада била талентирана ученичка со голем уметнички потенцијал, но нејзиниот татко, воен офицер, ги забранил зборовите ликовна академија дома

– Религиските мотиви се навистина потешки за изработка затоа што се побогати со детали. Ми требаа по два месеца да ги изработам црквите „Св. Кирил и Методиј“ во Велес и „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, раскажува таа.

Уметноста не познава граници и возраст, ниту време за почеток или крај, а доказ за тоа е Нада Сарагинова од Велес, која по 40-ина години ѝ се вратила на својата љубов од детството – уметноста, односно ракотворбата.
Уметник без диплома, но со огромен талент, велешанката Нада сега ужива во пензијата изработувајќи креативни ракотворби во филигран мод (посебна техника на изработка) од срма, свила и памук во зависност од деталите и мотивите, кои најчесто се од религијата, историјата и светот на животните, но неретко сака да ја навезе и човековата природа.

Првото дело Нада го изработила кога имала 52 години. Здогледала слика од црквата „Свети Наум“, зела платно, ја нацртала и почнала да везе со срмениот конец. Оттогаш не е разделена од ленот и срмениот конец.

– Никогаш не е доцна. Она што тлее во тебе, еден ден ќе се запали, ќе излезе на мегдан, што би рекле ние, велешани. Пак се активирав на 52 години и не жалам затоа што ова ме исполнува. Сакам да работам модерни теми, но најголема инспирација ми се сликите од православната религија и настаните од неа. Здогледувам некоја слика и почнувам ја цртам на црното ленено платно. Формата ќе остане иста, но со срмениот конец ги менувам деталите – раскажува Нада.
Везењето во филигран мод не е исто како класичното везење гоблени или плетење со игли. Потешко е и бара повеќе трпение и време.

– Религиските мотиви се навистина потешки за изработка затоа што се побогати со детали. Ми требаа по два месеца да ги изработам црквите „Св. Кирил и Методиј“ во Велес и „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник. Сликите се со димензија 80х60см и затоа ми треба повеќе време да ги навезам. И треба да бидеш внимателен да не го оштетиш платното при работење. А ми се случува и да немам инспирација преку ден, едноставно раката не ми оди. Знам да се разбудам среде ноќ и да почнам да цртам. Креативноста не познава граници и време – истакна Сарагинова.

Нада била талентирана ученичка со голем уметнички потенцијал, но нејзиниот татко, кој бил воен офицер, ги забранил зборовите ликовна академија дома.

– Требаше да се запишам во Средно уметничко училиште, но татко ми не сакаше да слушне за уметност. Дојдоа дома и директорот и професорот Пене Пенков за да го убедуваат дека имам потенцијал за цртање, но тој не ми дозволи. Само кратко рече: „Учи, ќерко, од цртањето не се живее“. Разочарана бев, ме запишаа во гимназија, а таму професорот Ангел Петров ми го препозна талентот и ме подготвуваше да одам на Ликовна академија. Но, му реков дека тој збор кај нас дома е забранет – рече Нада и додаде дека сепак ѝ било криво што спротивставувајќи му се на татко си, не успеала професионално да се занимава ниту со уметност ниту да го наследи него.

Домот на Нада е преполн со врамени рачно изработени ракотворби кои досега не ѝ се познати на уметничката јавност. Изработките се вредни и скапи, но на Нада целта не ѝ е да ги продава и да заработува од уметноста, туку да го оствари својот сон – да ги изложи пред своите велешани и на секој граѓанин да му ја доближи оваа заборавена уметност. Сонот сѐ уште не ѝ е остварен затоа што институциите во Велес не препознале уметност во нејзините дела иако три години по ред поднесувала барање да ѝ одобрат да направи изложба во Ликовниот салон.

– Не го правам ова за да заработам. Сакам само да направам изложба во мојот роден град. Имав понуда да ги изложам платната во Охрид, но не можам да го прескокнам мојот Велес. Не се откажувам од намерата ниту во новата 2022 година, а дотогаш нека ме чува здравјето, ќе продолжам да создавам нови ракотворби кои ќе ги видат сите вљубеници во рачните изработки – вели таа.

Со хуманоста, која ја покажала преку 70 крводарувања во својот живот, Нада навистина заслужува да добие аплауз на отворена сцена од своите велешани, а со тоа и поголема шанса да има на кого да ги пренесе тајните на филигранот со срмен конец.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...