15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани за БТВ -Спремни сме да ги рехабилитираме македонските бугари жртви во...

Османи за БТВ -Спремни сме да ги рехабилитираме македонските бугари жртви во комунизмот и да ги вметнеме во уставот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Симболиката е дека ние сме најблиски соседи, но суштината е дека во позитивна, конструктивна атмосфера, во атмосфера на лична доверба, создадена е платформа за продолжување на разговорите“, објасни Османи во интервјуто за БТВ 

<

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, во односите меѓу Софија и Скопје се очекуваат резултати и од двете страни.

Османи, во интервјутоза БТВ  оценува дека е одлична порака што на првиот работен ден на новата македонска Влада првата посета ја оствари бугарскиот премиер Кирил Петков, бидејќи тоа носи и симболика и суштина.

„Патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде обврска само на С. Македонија“, рече Османи, додавајќи дека нашата обврска е до Крива Паланка и дека граничниот премин Клепало од македонска страна е завршен, а се очекува бугарската страна да го заврши својот дел.

Во однос на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, Османи посочи дека земјава досега смени двајца свои претставници во ова тело, додавајќи дека Бугарија не го променила својот состав. Тој вели дека Софија можеби би требало да го искористи ова наше искуство.

И двете држави имаат интерес комисијата да биде продуктивна, додаде шефот на дипломатијата.

Запрашан како гледа на вклучувањето на македонските Бугари како народ во Уставот на државата, министерот Османи вели дека не гледа ништо проблематично во вклучувањето на која било друга етничка заедница и во нејзино интегрирање, но и во покажувањето одговорност и лојалност кон државата. Тој како пример го наведе Рамковниот договор, кој им донесе придобивки не само на Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, а можно е, вели, и Бугарите да станат дел од него.

Во врска со испраќањето македонски амбасадор во Бугарија, министерот за надворешни работи рече дека планот е во првите недели од мандатот новата Влада да донесе одлука и да испрати амбасадор во Софија. Се уште немаме утврдено име, но имаме идеи и размислувања на темата, се надевам дека во наредните денови јас како министер ќе дадам предлог, додаде Османи.

Запрашан за „рехабилитација на македонските Бугари жртви од југословенскиот режим“, Османи вели дека во 2006 година Собранието усвои Декларација со извинување до семејствата на жртвите од комунизмот. Тој рече дека Скопје сега е подготвено да ги реализира практичните аспекти на Декларацијата, како пристап до архивите и потоа отворање поединечни случаи, се додека има потреба да се разговара за нив, па дури и да се процесуираат доколку постои законска можност за тоа.

Според Бујар Османи, целта е да се спречи ова прашање да стане мит и да не се користи во ничија политичка агенда.

„Не мислам дека македонското општество бега од прашањето и ние сме подготвени да го започнеме овој процес“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервјуто за бТВ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...