16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМаричиќ: Сакам да ве известам дека сум позитивен на ковид-19

Маричиќ: Сакам да ве известам дека сум позитивен на ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот профил на Фејсбук информира дека поради позитивен тест на ковид-19 нема да биде дел од владината делегација што од денеска е во официјална посета на Софија.

<

Маричиќ истакнува дека не чувствува никакви симптоми, но наведува дека како што наложуваат правилата ќе биде во изолација.

„За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата”, наведува Маричиќ.

Тој порачува дека започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија на еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји.

„Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи”, напиша вицепремиерот Маричиќ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...